20 Работи кои се обидува да ви ги каже вашиот тодлер

тодлер со играчки

Малите деца имаат прилично ограничен избор на зборови. До нивниот втор роденден, повеќето од нив знаат да кажат околу 50 збора, но сепак не се баш најдобри комуникатори. Тоа отвора врата за голема потреба кај родителите да претпоставуваат што сакаат нивните тодлери да им кажат. Еве некои од работите кои веројатно вашиот тодлер сака да ви ги каже:

  1. Да, реков дека сакам тестенини. Гледав како ги подготвуваш и сега кога се тука пред мене, велам дека повеќе сакам супа. Се предомислив. Навистина не гледам што е проблем тука.
  2. Гледам дека ова не го сфаќаш многу сериозно, но ова навистина НЕ СЕ ЧОРАПИТЕ ШТО ГИ САКАВ.
  3. Те слушнав кога кажа лош збор. Сега ќе го повторувам одново и одново. Фала ти мамо, ти си најдобар учител!
  4. Престани да се обидуваш да ми помогнеш. Се ова можам да го направам сам. Да, сакам да ги носам панталоните како капа. Тоа изгледот кој сакам да го постигнам. ПРЕСТАНИ ДА МИ СЕ СМЕЕШ.
  5. Погледни ме во лице. Не седнувам во тоа автоседиште без борба. Сакаш да видиш колку силно можам да викам?
  6. Да, ти ја понудив четката за боење, но ти не требаше да ја земеш. Се разбира дека плачам. Ми го уништи цртањето. Не, не сакам да ми ја вратиш четката, туку не сакав воопшто да ја земеш. Денов е УНИШТЕН!
  7. Мислам дека треба да те предупредам уште пред да стасаме на договорениот состанок за играње. Денес не сум расположен за делење.
  8. Фала ти што ме научи на зборовите пенис и вагина. Одвај чекам да и кажам на баба. И на соседите. И на продавачката. Сакам да ги импресионирам луѓето со нови зборови. ВАГИНА!
  9. Да, можам да видам дека надвор е сеуште темно, но ти велам, УТРО Е. Сега стани од креветот и дојди доле за да ми помогнеш со мојата слагалка.
  10. Како кого сум облечен? Па, како мене. И да, планиам овака испаднам и надвор од дома. Не, не мислам дека ќе ми настине задникот, благодарам што ме прашуваш.
  11. Навистина се восхитувам на твојата упорност за да си легнувам во 7 часот навечер. Но, тоа сепак нема да се случи.
  12. Ха, таа шега никогаш не застарува. Вашиот кревет, навистина. Сега и двајцата, прилагодете се на вашите позиции на работ од креветот, додека јас спијам како ѕвезда на средина. Слатки соништа.
  13. Какво какање? На подот во дневната соба? Не знам за што зборуваш. Немам ништо со тоа.
  14. Ако не станеш сега, ќе бидам приморан да го употребам мојот специјален зафат. Кој зафат? Седење на твојата глава со моето голо газе зафат. Станувај!
  15. Мислам дека знаеш, исто како и јас, дека треба да однесам дома од овие стапчиња и камења. Премногу е тешко да одберам што ми е омилено. Сега отвори ги џебовите, веднаш!
  16. Знам, реков дека ќе одам, и затоа ја остави кочиката дома. И не знам како да ти кажам, но се предомислив. Сега фино носи ме до дома.
  17. Никогаш не сум бил толку понижен во целиот мој живот. Како се осмелуваш да им кажеш на твоите пријателки за тогаш кога се искакав во твојот кревет. Тоа требаше да биде нашата мала тајна.
  18. Не, не сакам јаболко. Не, не сакам авокадо. Не, не ми се допаѓа да јадам супа. Гледај, ќе ни заштедам време и на двајцата, подај ми ги грицките.
  19. Какво глупаво прашање. Навреден сум. Зарем не гледаш дека на мојот цртеж има нацртано куче?
  20. Сите ние си имаме свои гревови мамо. Ти сакаш да се искрадеш со чоколадо во шпаизот, кога мислиш дека не те гледам. Да, така е. Знам дека го правиш тоа. А јас сакам да си играм со корпата во купатило, сега врати ми ја назад таа празна ролна од тоалетна хартија и остави ме на мир.