Како бременоста ќе ви го промени животот

Social Buttons

трудница

1 Промена на приоритетите

Штом ќе дознаете дека сте бремена целиот ваш живот ќе претрпи преуредување. Вашата работа, живот и се во него ќе биде под влијание на оваа мала личност, која сеуште не сте ја ни запознале, а за која би сториле се на светот. Сандалите во излогот кои претходно беа толку посакуавни и важни, одеднаш ќе ја изгубат привлечноста и вашиот интерес ќе се насочи кон разгедување на седишта за во автомобил, слатки бебешки алиштенца и други потребни и непотребни работи за бебето.

2 Утрински (и попладневни и вечерни) мачнини

За мал број среќнички утринските мачнини се мала нелагодност наутро, која може да испари со помош на неколку крекери. Но, за некои од нас, утринските мачнини се присутни во текот на целиот ден.

3 Опседнатост со развојот на бебето

Преокупирано читате се што се случува во секоја недела за развојот на бебето во стомакот. Тоа е нормално, сепак не заборавајте дека секоја бременост е различна и секое бебе е посебна, уникатна индивидуа.

4 Инвазија на хормони

Е, ова е причината заради која ви доаѓаат солзи кога гледате реклама за нешто толку емотивно, како на пример: автомобили. Всушност ова е причина заради која плачете на секоја реклама и на уште еден куп други такви важни нешта. Кажете му на вашиот сопруг да престане да ви се смее, ова ќе помине кога ќе се породите.

5 Желба за љубов

Многу често второто тромесечие е време кога либидото оди до таванот. Сепак и ова не важи за 100% од трудниците. Некои трудници едноставно сакаат да се наспијат што е можно повеќе, а сексот не е нешто што им е на приоритетниот список.

6 Физичка трансформација

Ви кажале дека стопалата ви изгледаат буцмасти како бебешки стопала, но чекајте... вие не можете да си ги видите повеќе. Папукот? Исчезнал. Гасови, подригнување, киселини... да, тука се сите. Добродојдовте во бременоста.

7 Почнувате да им се висхитувате на родителите

Почнувате да ја сфаќате големата работа што ја направиле вашите родители и жртвите што ги поднеле за да ве одгледаат и постават на прав пат. Покажувате нова благодарност и навистина ја цените нивната посветеност. Да, бременоста знае да ги донесе тие промени.

8 Интимни разговори - со странци

Колешката со која никогаш не сте размениле повеќе од позрав, келнерката во пицеријата и личноста што чека зад вас на каса во супермаркет ќе сакаат да дискутираат за она што некогаш било ваша приватност и некогаш биле ваши приватни делови од телото. Дали ќе имате вагинално породување? Дали ќе доите? Како планирате да го одгледувате бебето? Колку тежина качивте? Понекогаш ќе слушнете детали за нив, што никогаш не сте посакале да ги знаете, на пример за тоа како се протегале нивните епизотомии или каков им бил сексуалниот живот после породувањето. Ако не ви се муабети за овие работи, во ред е ако љубезно им ставите до знаење.

9 Чудни стрвувања

Бременоста е време, кога она што ви била омилена храна повеќе не можете да го погледнете, а она на што не сте помислувале - може да стане нешто, без што не смеете да останете. Да, нормално е, бремена сте.


10. Барање тоалети на јавни места

Хидрираноста во бременоста е задолжителна. Потребно е да пиете многу вода, а во исто време притисокот на бебето врз бешиката ќе прави почесто да ви треба тоалет. Тоа значи дека кога сте излезени понекогаш во продавниците ќе барате тоалет, но вработените ќе имаат разбирање за вас.

Designed by Antsin.com