Лојална жена

Social Buttons

Еден постар човек, кој вредно работел целиот свој живот, ги штедел парите и бил вистински скржавец кога станувало збор за нив. Пред да умре и рекол на својата жена:

Кога ќе умрам сакам да ги земеш сите мои пари и да ги ставиш во сандакот со мене. Сакам да ги понесам своите пари со себе, во задгробниот живот.

Така, ја натерал својата жена да му вети со целото нејзино срце дека ќе го направи тоа по неговата смрт: дека ќе ги стави сите негови пари во ковчегот со него.

Кога умрел, додека лежел во ковчегот, неговата жена седела таму облечена во црно, а нејзината пријателка седела до неа. Кога завршила церемонијата, пред да го затворат ковчегот, жената рекла:

Почекајте за момент! Ја земала малата метална кутија, која ја носела со себе и ја ставила во сандакот. Потоа човекот го погребале.

Пријателката на жената ја запрашала: Девојко, знам дека не си доволно будала за да ги ставиш сите пари таму со твојот маж.

Лојалната жена одговорила: Слушај, јас сум христијанка, не можам да го погазам својот збор. Му ветив дека ќе ги ставам сите тие пари во ковчегот со него.

Сакаш да ми кажеш дека навистина ги стави сите пари во ковчегот со него!?!?!?

Секако дека го направив тоа, одговорила жената. Ги земав сите пари, ги ставив на мојата сметка и му напишав чек... ако може да го уновчи, ќе може да ги потроши.

Designed by Antsin.com