Лекови кои дебелеат

in алергија, дебелина, депресија, здравје, лекови, стероиди, хипертензија

Милиони луѓе секојдневно земаат лекарства, кои можат да предизвикаат зголемување на нивната тежина.

Многу лекарства можат да го зголемат апетитот, да предизвикаат подуеност или да го забават метаболизмот. Еве некои од нив:

Стероиди

Стероидите се користат за третирање на алергии, астма, ревматски артритис итн. Тие делуваат бидејки можат да ја превземат улогата на хормоните во телото кои го регулираат метаболизмот и имунолошкиот систем и на тој начин го потиснуваат имунолошкиот систем и го намалуваат воспалението во телото.

Стероидите кога се земаат во поголеми количини можат да ја превземат улогата на кортизолот - хормон на стрес. Бидејки за време на стресните периоди на телото му е потребна повеќе енергија, хормонот на стрес ги редистрибуира мастите на стомакот и задниот дел на вратот, состојба позната како Кушеов Синдром.
 
Стероидите можат да предизвикаат и да се ослободи повеќе шеќер во крвта, што пак доведува до складирање на мастите и задржување на течности во организмот. Ashley Grossman - професор по ендокринологија вели: Нормално е вие самите да произведувате стероидни хормони, но кога во телото ги има премногу, почнувате да се дуете.

Негативните ефекти можат да бидат прифатливи ако болеста која ја лекувате со нив се влошува. Но во глобала лекарите ги препишуваат стероидите во најмалата ефективна доза и за најкраток временски период.
 

Можно покачување на тежината:

Пациентите кои користат стероиди можат да качат 7% или повеќе од нивната тежина. Некои студии покажуваат дека има пациенти кај кои со долготрајна употреба на стероиди тежината се зголемила за повеќе од 12 кг.

Што можете да направите:

Разговарајте со вашиот лекар за земањето на стероди не секој ден. За поблаги состојби можете да побарате аспирин или ибупрофен, кои можат да помогнат да се намали воспалението.

Лекови против дијабетес

Многу луѓе со дијабетес тип 2 земаат лекарства кои го стимулираат организмот да прозиведува повеќе инсулин за да се намали шеќерот во крвта. Понекогаш овие лекарства толку го намалуваат шеќерот, што се јавува глад и ги тера пациентите да јадат уште повеќе.

Потои и друг вид на лекарства против дијабетес, кои го прават организмот почувствителен на инсулин, со цел полесно да се контролира нивото на шеќер во крвта. Но тие од своја страна предизвикуваат задржување на соли во организмот, отекување и зголемување на тежината.
 

Можно покачување на тежината:

Пациентите кои ги користат првиот тип на лекарства во првите 12 месеци од терапијата качиле 3-4,5 кг. Додека медикаментите кои го прават органзимот почувствителен на инсулин во првата година предизвикале покачување на тежината од 0,5-2 кг.

Што можете да направите:

Има алтернативни медикаменти како Метформин и регулатори на глукоза.
 

Лекарства против алергии
 

Многу средства против алергии содржат дифенхидрамин - состојка која ги блокира рецепторите во мозокот кои го помагаат ослободувањето на хистамин (хистаминот е хемикалија, која ги иницира симптомите на алергија, како отекување и чешање).

Но антихистамините влијаат и врз мозочните рецептори кои управуваат со апетитот, предизвикуваји глад кај пациентите. Исто предизвикуаат и поспаности и послаба активност.

Можно покачување на тежината:

Студиите покажале дека пациентите со долготрајна употреба на антихистамини можат да качат 1% или повеќе од својата тежина.

Што можете да направите:
 

Некои од поновите антихистамини, како Кларитин се поселективни во делувањето на мозочните рецептори и не предизвикуваат толкаво покачување на тежината. Исто така на пациентите им се препорачува да се обидат со деконгестанти и инхалатори за контрола на симптомите на астма.
 

Лекарства против висок крвен притисок
 

За третман на високиот притисок, нарушен срцев ритам и анксиозност се користат т.н. бета блокатори. Овие медикаменти кои вклучуваат пропранолол, метопролол и атенолол го пригушуваат делувањето на адреналинот врз нервниот систем.

Како последица на нивното делување се забавува срцевиот ритам, се намалува крвниот притисок и се успорува метаболизмот, а со тоа и способноста на органзмот да ги согорува калориите. Луѓето кои ги земаат овие медикаменти можат да чувствуваат умор и незаинтересираност за вежбање, а тоа води до покачување на тежината.

Можно покачување на тежината:
 

Професор Apovian вели дека некои луѓе кои ги користат бета блокаторите во текот на подолги години качуваат од 4,5-9 кг.

Што можете да направите:
 

Накои пациенти можат бета блокаторите да ги заменат со друг вид инхибитори кои делуваат врз снижување на нивото на хормонот ангиотензин 2, со што се релаксираат крвните садови и се снижува притисокот без предизвикување на глад.
 

Антидепресиви
 

Огромен број на луѓе користат антидепресиви, но освен што влијаат врз менаталната состојба антидепресивите можат да се врзат за рецепторите кои му кажуваат на органзмот дали сте гладни или најадени.

Психиајтарот Paul Mackin - Постар предавач на Универзитетот во Њу Касл вели дека овие лекови влијаат врз апетитот и ве потикнуваат да јадете повеќе.

Можно покачување на тежината:
 

После 6 месеци користење на лекарствата до 25% од пациентите качуваат во просек по 10% од својата тежина, покажуваат студии во САД. Некои пациенти во зависност од лекарствата што ги примале качиле и 13-20кг.

Што можете да направите:
 

Студиите покажуваат дека засилен зголемен апетит се јавува по 6 месечно континуирано земање на лековите. Се советува доколку е можно пациентите да преминат на некоја модерна фамилија на антидепресиви, како Велбутрин и Зибан.
Сепак Др. Mackin нагласува дека многу важно е да се земаат лековите и да се разговара за стратегиите за намалување на тежината, затоа што луѓето можат да станат многу болни со прекратување на нивното земање.

 

Designed by Antsin.com