Хемикалиите во собите на децата можат да ги зголемат шансите за алергија за 180%

Social Buttons

Децата имаат многу поголем ризик за развој на состојби како астма и алергии како резултат на присуството на некои хемикалии во средствата за чистење и боите.

Истражувачите од Карлстад Универзитетот во Шведска отриле дека децата кои се изложени на одредени хемикалии (PGE) во нивните спални соби, имаат до 180% поголем ризик за развој на алергии.

Некои состојки во боите и средствата за чистење се опасни за децата


Водачот на студијата Проф. Carl-Gustaf Bornehag вели:


Студијата за прв пат покажа дека концентрациите на PGE, пропилен гликол и естрите на гликол во воздухот во спалните соби, се поврзани со зголемен ризик за развој на астма, ринирис и егзема кај децата.


Зголемувањето на ризикот се движело од 50-180%, зависно од присутната концентрација на хемикалиите. Високите концентрации на хемикалиите предизвикувале формирање на антитела (IgE) на алергогени како мачки, кучиња и полен.


Анализите покажале дека употребата на бои на база на вода во собите на децата, како и средствата за чистење на база на вода, предизвикуваат повисоки концентрации на PGE во воздухот во жевеалиштетото.


Хемикалиите исто така можат да се најдат во некои пластични играчки, амбалажа, козметички средстава итн.

Во студијата учествувале 198 деца болни од астма на предшколска возраст и 202 здрави деца во контролната група. Биле земени примероци од воздухот во нивните соби и биле анализирани 8 групи на испарливи состојки.

Проф. Bornehag вели:


Претходно докажавме дека фталатите можат да предизвикаат алергиски состојби кај децата.

Сега се фокусиравме на PGE хемикалиите. Помеѓу супстанциите се пронајдени состојки за кои постои сомневање дека ги пореметуваат хормоните, што исто така беше случај и со фталатите кои претходно ги проучувавме.


Тој уште вели:



Резултатите уште еднаш го подигнаа прашањето за здравствените аспекти на употребата на хемикалиите во секојдневниот живот.

Особено кога станува збор за изложеноста во домашната околина, бидејки малите деца и бремените жени поминуваат голем дел до времето таму и има многу индикатори дека изложеноста на фетусот и малите деца веројатно е уште поризична.

Designed by Antsin.com