Предвремено родените деца ја надраснуваат астмата
Social Buttons
Предвремено родените бебиња имаат поголеми шанси за да развијат астма, но исто така се големи и шансите таа да исчезне со текот на нивниот раст. Ова се резултати од Данска студија, направена од научници на Универзитетот во Копенхаген.
Студијата потврдува дека предвремено родените бебиња имаат поголеми изгледи да страдаат од астматични симптоми и состојби на белите дробови од другите деца. Но, добрите вести се дека тие ги надраснуваат овие состојби.
Др. Anne Louise de Barros Damgaard, еден од водачите на студијата вели:
Ги проучувавме предвремено родените бебиња, од раѓање, па се до возраст од околу 30 години и можевме да видиме дека децата се се подобри и подобри. Како возрасни тие не страдаат повеќе од состојби на белите дробови, од другите луѓе.
Научниците анализирале податоци за начинот на раѓање и здравствените детали на 1,8 милиони Данци, во периодот од 1980-2009 г, споредувајки го степенот на нарушено здравје кај личностите родени пред 37-ма гестациска недела, со личностите кои се родени после 37- недела од бременоста. Се работи за голем обем на податоци, до кои било можно да се дојде само заради деталните бази на податоци во Данска. Биле испитувани препишаните антиастматични средства за да се идентификуваат можните астматичари.
Проф. Theis Lange, вели:
Заклучокот е јасен. Предвремено родените деца зафаќаат висок процент од вкупниот број на деца со астматични симптоми, но како што растат, нивните сиптоми се се помалку изразени.
Тој уште додава дека има многу митови за здравјето на предвремено родените деца и дека тие можат да бидат извор на грижа за родителите. Затоа е добро што оваа студија покажа дека како возрасни тие не се поподложни на состојби на белите дробови, од другите луѓе.


