Хемикалиите во шминката, парфемите и пластиката можат да го зголемат ризикот за астма кај бебето
Social Buttons

Хемикалиите во шминката, парфемите, освежувачите на воздух и пластичните садови можеби стојат зад зголемемувањето на астма кај децата. Бебињата кои биле изложени на високи нивоа на фталати во матката, имаат до 78% поголем ризик за астма.
Научниците претпоставуваат дека причина е тоа што хемикалиите ги прават дишните патишта на фетусите почувствителни, а со тоа покасно им го зголемуваат ризикот за развој на астма.
Академиците апелираат до родителите да го намалат ризикот со тоа што ќе избегнуваат пластични садови, парфеми и силно парфимирани детергенти.
Во западните земјки стапките на астма, во споредба со средината на минатиот век се зголемени за 2-3 пати.
Научниците од Унивезитетот во Колумбија ги мереле нивоата на 2 типа на фталати, бутил бензил и ди ен бутил, во урината на 300 бремени жени. Потоа мајките пополниле прашалници кога нивните деца имале 5,6,7,9 и 11 години за да го утврдат присуството на симптоми на астма.
Резултатите покажале дека жените со највисоки нивоа на бутил бензил имале 72% поголема веројатност да имаат деца со астма. Оние пак со највисоки нивоа на ди ен бутил имале дури 78% поголеми шанси да имаат деца со астма, во споредба со мајките со ниски нивоа на фталати.
Др. Robin Whyatt, вели:
Овие хемикалии се широко распространети. Постојат едноставни чекори кои можете да ги превземете. Избегнувајте пластични садови и кутии, колку можете повеќе храната во фрижидер чувајте ја во стаклени садови.
Никогаш немојте да загревате пластика во микробранова печка. Исто така, размислете да ја намалите употребата на парфимирани производи: козметика, парфеми, освежувачи на воздух и парфимирани детергенти. Таа уште им сугерира на жените да проверат на интернет дали нивната шминка содржи фталати.



