Децата со добра кондиција имаат подобро помнење

Испитување покажа дека трчањето и играњето не само што се добри за физичкото здравје на децата, туку ја подобруваат и нивната меморија.
Научниците отриле дека децата со подобра кондиција имаат поголем хипокампус - дел од мозокот поврзан со учењето.
Студијата е објавена во списанието Brain Research, а водач е Проф. Charles Hillman од Универзитетот на Илиноис.
Играњето и вежбањето добри за меморијата
Физичката спремност на групата од 49 деца била проверена така што додека трчале на лента им било мерено нивото на кислород. Потоа било направено скенирање на нивните мозоци.
Резултатите од студијата покажале дека хипокампусот кај децата кои биле физички спремни бил во просек за 12% поголем, отколку кај децата кои имале помала кондиција.
Децата кои биле во добра физичка форма покажале и подобар успех во тестовите на релациска меморија, односно способноста да интегрираат разни типови на информации.
Laura Chaddock, една од истражувачите вели: Децата со подобра физичка форма имаа за 12% поголем хипокампус (релативно на големината на нивниот мозок) и покажаа подобри резултати на тестовите за релациска меморија. Општо кажано, децата со поголем хипокампален волумен имаа подобра релациска меморија.
Студијата ги потврди резулатите од студии врз животни, кои покажаа дека вежбањето значително влијае врз хипокампусот, значително го зголемува растот на новите неврони и преживувањето на клетките, ја зголемува меморијата и учењето и го зголемува бројот на молекулите кои се вклучени во пластичноста на мозокот.