Со бакнежи до подобро здравје и имунолошки систем

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Понеделник, 17/11/2014 - 13:01
романтична двојка

Нема ништо роматнично како бакнежот, но освен романтика тој ни овозможува и здравје. Научниците сметаат дека размената на бакнежи помага во развивање на имунолошкиот систем и поефикасна борба со болестите.

За време на 10 секунди бакнување, помеѓу партнерите се разменуват околу 80 милиони бактерии.

Луѓето се носители на трилиони бактерии во телото, кои заедно го сочинуваат микробиомот - комплексна мешавина на бактерии, кои играат клучна улога во дигестијата на храната и ги спречуваат инфекциите.

Remco Kort, од Холандската Организација за Применето Научно Истражување, вели дека неговиот тим сакал да ја открие еволутивната причина за бакнувањето, кое е присутно кај 90% од културите низ цел свет.

После испитување на 21 пар, научниците сметаат дека бакнувањето помага да се формира заеднички микробиом - слична мешавина на бактерии кои живеат во телото.

Kort вели:

Моменталното објаснување на функцијата на интимниот бакнеж кај луѓето вклучува важна улога на микробиомот, присутен во усната празнин.

Сакавме да го откриеме досегот до кој партнерите го споделуваат оралниот микробиом и се испостави дека колку повеќе паровите се бакнуваат, толку послични стануваат.

Резултатите од студијата, кои се објавени во Списанието Микробиом, откриваат дека паровите кои споделуваат по 9 интимни бакнежи во текот на денот имаат многу сличен микробиом, што значи дека се подобро подготвени за да се справат со слични инфекции и да обработат иста храна.

Научниците долго време предупредуваат дека модерната опсесија со хигиена и чистота предизвика бум во алергиите и здравствените проблеми.

Спред хипотезата на хигиена, зголеменото присуство на алергии и астма се предизвикани затоа што не сме изложени на доволно микро организми во секојдневниот живот.

Проф. Graham Rook, имунолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон, оди толку далеку да каже дека земањето на храна од подот, купувањето куче и редовното бакнување на роднините се некои од најдобрите начини за да се спречат алергиите и уште им советува на мајките кога цуцлата на бебето ќе падне, да ја излижат и да му ја дадат.

Професорот вели дека модерниот организам е во постојана состојба на будност, бидејки не е навикнат да живее со микро организми. Тој објаснува:

Кога имунолошкиот систем не е потребен тој треба целосно да се исклучи. Но она што се случува во денешницата е дека тој често пати е во постојана состојба на будност и не е целосно исклучен. Тој реагира потполно бесцелно, како на пример да нападне поленов прав во ветерот или да ја нападне мачката на соседот кога ќе помине покрај него, тогаш имате алергиски проблеми.

Designed by Antsin.com