Антибактериските сапуни го зголемуваат ризикот од алергии
Децата кои се изложени на високи нивоа на антибактерискиот агенс триклосан се изложени на зголемен ризик од развој на алергии на храна и алергии на животната средина.
Антибактериските сапуни го зголемуваат ризикот од појава на алергии
Една студија предводена од д-р Jessica Savage на Универзитетот Johns Hopkins, откри дека децата кои имаат високо ниво на триклосан и парабени во нивната урина, се изложени на значителен ризик од алергии на храна и алергии на животната околина. Децата со највисоко ниво на уринарен триклосан имале повеќе од два пати поголем ризикот од алергии на храна и скоро два пати поголем ризикот од алергии на животната средина, од децата со најниски нивоа на триклосан во урината.
Високото ниво на конзервансот пропил парабен, исто така го зголемува ризикот од алергии на животната средина, но нивото на пропил парабен не го зголемува ризикот од алергии на храна.
Студијата вклучила 860 деца, а ги испитала нивоата на IgE за воздушни алергени и алергени на храна, како и уринарните нивоа на бисфенол-А, триклосан, бензофенон-3, пропил, метил, бутил, и етил парабени. Триклосанот и парабените се покажало дека се поврзани со алергиска осетливост. Истражувањето е објавено во Списаието за алергии и клиничка имунологија.
Триклосанот е антибактериски агент, кој може да се најде во течните антибактериски сапуни, гелови за тело, играчки, кујнските даски за сечење, па дури и во некои пасти за заби. Минатата година, во една статија во New York Times беше истакнато дека триклосанот е толку распространет, што се наоѓа во урината на 75% од Американците на возраст над 5 години.
Загриженоста заради триклосанот растеше во текот на последните неколку години. Претходни студии покажаа дека триклосанот ја менува регулацијата на хормоните кај животните, а постои и загриженост дека може да придонесе за отпорност на бактериите на антибиотици.
Секако дека ефектите на триклосанот врз алергиите треба понатаму темелно да се испитаат.