Изабела е Божји дар, а не производ на силување
Social Buttons
Изабела е едно прекрасно 6 годишно девојче, принцеза на мама. Светот би ја нарекол Изабела производ на силување, но таа е прекрасно создание, Божјо дете. Еве што имаат да кажат нејзината мајка и самата Изабела.
Мајката Лорен:
Бев обична девојка, се спремав за мојата последна година во средно училиште. Како и повеќето средношколки, размислував за фудбалските натпревари во петок навечер, кој колеџ да го odберам, завршувањето на годината и добивањето на тешко заработената диплома. Донесував одлуки, кои се однесуваа само на мене. Не знаев дека таму имаше некој, кој мислеше само на себе и како да го донесе неговиот себичен избор - кој се однесуваше на мене и кој ќе имаше последици врз мене до крајот на мојот живот.
Еден месец откако почна школската година, открив дека преку себичните желби на едно момче и неговиот недостаток на почит кон мене, бев бремена, заради силување. Следните осум месеци беа исполнети со пречки кои требаше да ги поминам, прифаќање на тоа дека можеби соништата нема да ми се исполнат и реалноста дека морав да го завршам она што го имав започнато за да ја земам мојата диплома, и покрај мојата ситуација.
Кога бев во 12 недела од мојата бременост, се соочив лице во лице со моето мало девојче, на мојот прв ултразвучен преглед. Во тој момент знав дека бев предодредена да и бидам мајка и таа беше предодредна да ми биде ќерка. Абортусот никоагаш не беше опција за мене, но во тој момент точно сфатив зошто. Животот е скапоцен, свет дар и не е наше да одлучиме дека животот треба да заврши затоа што нас ни е незгодно или заради околностите на зачнувањето. Научив нешто многу вредно во тие 8 месеци. Не бев личноста, која луѓето надовр мислеа дека сум. Бев посилна од што мислев дека е возможно. Во мене се разви срце на мајка.
И покрај околоностите на нејзиното зачнување, почнав да сфаќам дека мојата ќерка не беше креација на насилство, таа беше дар од Бог, создателот на животот. Тоа беше сознание, кое целосно ја промени мојата перспектива. Една недела по дипломирањето, на овој свет дојде Изабела Грејс. Мислев дека бев силна во изминатите 9 месеци, но не можев ни да замислам колку посилна ќе станам заради ова прекрасно, мало девојче. Совладав пречки, со кои девојките на моја возраст не можеа ни да замислат да се соочат и излегов на површина. Не беше тоа само заради мојата сила, туку тоа беше Бог, кој ми даваше сила, секоја минута, секој ден. Сама, немаше да можам да го направам ова.
Изабела:
Ја сакам мојата мајка. Го сакам целото мое семејство. Мислам дека е кул што имам само мајка. Јас сум Божја принцеза и Го сакам толку многу. Тој е мој Небесен Татко. Тој е Цар на целиот свет.
Абортусот никогаш не е нужно зло.
Извор





