Зошто оженетите мажи се однесуваат подобро

Истражувачите долго време спореа околу тоа дали бракот го намалува нелегалното и агресивно однесување кај мажите или пак во брак почесто влегуваат мажи кои имаат помалку антисоцијални тенденции.

Според нова студија на Универзиотетот во Мичиген, одговорот е потврден за двете тврдења. Мажите со помало антисоцијално однесување почесто стапуваат во брак, но откако ќе се оженат нивното однесување уште повеќе се подобрува. Бракот сам по себе како да го инхибира антисоцијалното однесување.
 

Бракот е добар за мажите


Професорката по Психологија Burt вели:
 


Бракот општо е добар за мажите, барем кога се работи за антисоцијално однесување. Но понатаму податоците индицираат дека не е случајност кои луѓе ќе влезат во брак.
 


За да се направи студијата и да се дознае дали се работи за генетско влијание биле испитани 289 пара на машки близнаци. Тие биле испитани на 17,20,24 и 29 години.

Резултатите од студијата покажале дека мажите кои на 17 и 20 години имале помала тенденција кон антисоцијално однесување, имале поголема веројатност дека ќе се оженат до 29-та година од животот.

Откако мажите ќе се оженеле стапките на антисоцијалното однесување значително се намалувале во наредните години. Близнаците кои ќе се оженеле, генерално имале пониско ниво на антисоцијално однесување од нежените браќа близнаци.

Burt вели дека причина за оваквите резултати можеби е социјалното поврзување или пак ожентетите мажи имаат помалку време за дружење со антисоцијалните колеги. Друг многу важен фактор е квалитетот на бракот, ефектите на бракот врз антисоцијалното однесување се посилни кај подобрите бракови.