Задоволна сопруга значи среќен живот за мажот

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Среда, 17/09/2014 - 23:46

Научно е потврдено она што го знаеме. Нова студија откри дека колку позадоволна е сопругата од долгорочното заедништво, толку посреќен е сопругот со неговиот живот, без разлика како се чувстува во врска со нивниот брак.

Проф. Deborah Carr, вели:

Мислам дека ова се сведува на фактот дека кога жената е позадоволна од бракот, таа прави повеќе работи за сопругот, што има позитивен ефект врз неговиот живот. Мажите имаат навика да бидат помалку вокални од жените за нивните односи и нивното ниво на брачно незадоволство не се пренесува на нивните жени.

Студијата е предводена од Deborah Carr проф. на Ругер и Vicki Freedman, проф. на Универзитетот во Мичиген. Во неа учествувале 394 пара, кои во просек имале по 39 години брачен стаж.

На учесниците во студијата им биле поставени прашања како: дали брачниот партнер ги цени, дали се кара со нив, дали ги разбира нивните чувстува или им оди на нерви. Исто така од нив било побарано да водат дневници за тоа колку среќни биле во изминатите 24 часа за време на одбрани активности, како купување, извршување домашни обврски и гледање телевизија.

Обата брачни партнери нивната животна сатисфакција типично високо ја рангирале со 5 од 6 поена, со тоа што мажите давале нешто повеќе позитивни оценки од нивните сопруги.

За обата сопружника, подобрите односи во бракот биле поврзани со поголема животна сатисфакција и среќа.

Студијата уште покажала дека болеста на мажот ги прави жените помалку среќни, но болеста на жената не ја менувала или не се рефлектирала на ист начин врз среќата на мажот. Истражувачите сметаат дека тоа се должи на тоа што кога мажот е болен сопругата ја превзема грижата околу него и тоа предизвикува кај неа стрес, а кога жените се болни повеќе се потпираат на негата на своите ќерки.

Designed by Antsin.com