За време на стрес мажите се исклучуваат

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Среда, 29/09/2010 - 13:19

Научниците докажаа дека кога мажите се под стрес ефикасно се повлекуваат, а жените пак бараат емотивна поткрепа.

Жените кои ги обвинуваат мажите дека не слушаат за време на жестоки караници, всушност можеби се во право.

Студијата која проучувала како мажите и жените реагираат на напнати ситуации е направена од истражувачи од Универзитетот во Јужна Калифорнија.


Се покажало дека мажите кога гледаат на гневно лице, имаат намалена активност во делови на мозкокот задолжени за разбирање на чувствата на другите луѓе. Спротивно на ова, кај жените пак активноста се зголемувала.

Мажите во моменти на стрес "се исклучуваат"


Авторот на студијата Проф. Mara Mather вели:


Ова се први наоѓања кои укажуваат дека разликите помеѓу половите поврзани со ефектите на стресот, се протегаат до најосновното социјално делување - разработување на изразот на лицето.


Кога се под стрес, мажите имаат тенденција социјално да се повлечат, а жените пак бараат емотивна подршка.

Кога се под акутен стрес мажите реагираат помалку на изразите на лицето, особено на страв и гнев.

Бил направен експеримент:


На група од 50 мажи и жени им било кажано да гледаат во слики со лица во контролирани услови. Двете групи покажале активност во деловите од мозокот задолжени за основно визуелно процесирање и во деловите за интерпретација и разбирање на изразите на лицата.

Потоа со предизвикување на стрес им било покачено нивото на кортизол.

Мажите покажале намалување на активноста не само во визуелното перцепирање на изразите на лицето, туку имале и намалување на координацијата помеѓу деловите од мозокот кои помагаат за интерпретација на изразите на лицето.

Всушност мажите на некој начин се "одјавувале" од целата ситуација.

Реакциите на жените пак биле токму спротивни.

Проф. Mather вели:


Студијата покажува дека доживувањето на акутен стрес кај мажите и жените може да има сосема спротивна последователна активност и интеракција во делови на мозокот.


Мажите и жените под стрес покажале еднаква вештина во запомнување на лицата, како и оние од контролната група.

Designed by Antsin.com