10 работи кои жените треба да ги знаат за машкиот мозок

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Вторник , 16/11/2010 - 23:23

Тешко ви е да разберете што се случува во неговиот мозок?

Во машкиот ум се случуваат огромни промени во текот на животот. Од неговите очи кои шетаат наоколу, па до желбата за животна сопатничка. Стручњаците открија 10 нешта што треба да ги знаете.


Поемотивни се


Жените генерално се сметаат за поемотивни од мажите, но научниците откриле дека момчињата реагираат поемотивно од девојчињата. Една скандинавска студија открила дека и возрасните мажите имаат нешто посилни емотивни реакции, но само додека да станат свесни за своите чувства.


Поранливи се кога се осамени


Осаменоста е тешка за сечие здравје и ум, но повозрасните мажи се особено ранливи, вели Louann Brizendine - автор на книгата: Машкиот мозок.

Мажите помалку посегнуваат кон надворешниот свет, што ја потенцира осаменоста и данокот кој таа го зема.



Фокусирани се на решенијата


Додека многу студии имаат покажано дека жените се посочувствителни од мажите, Brizendine вели дека тоа не е сосема точно. Кога некој се наоѓа во неволја, во машкиот мозок се вклучува и реагира системот за емпатија, но областа за "поправки" брзо надвладејува над него.


Опремени се да ги следат на жените


Иако тестостеронот е хормон кој често пати се поврзува со агресија и непријателство, тој исто така е заслужен и за либидото. Кај мажите тестостеронот го има околу 6 пати повеќе, отколку кај жените. Pranjal Mehta со колегите од Универзитетот Колумбија, откриле дека тестостеронот доведува до недостаток во областа на мозокот која е задолжена за контрола на импулсите. Иако се потребни дополнителни испитувања, Mehta вели дека можеби тоа го објаснува автоматското зјапање кај мажите. Тие често пати забораваат на жената кога таа веќе не се наоѓа во нивното видно поле


Ја бранат својата територија


Мажите се посклони да ја бранат својата територија, вели Brizendine. Потребни се повеќе испитувања врз луѓе, но кај другите цицачи кај машките единки областа на мозокот задолжена за бранење на територијата е поголема од онаа на женките. Додека кај жените има напади на посесивност, кај мажите има поголема веројатност да станат насилни кога ќе се соочат со закана за нивниот љубовен живот или територија.


Прифаќаат ланец на командување


Нестабилна хиерархија кај мажите може да доведе до значителна загриженост. Но стабилен ланец на командување, како што се практикува во војската и на многу работни места, го намалува нивото на тестостерон и машката агресија.


Со текот на времето созреваат, навистина


Преокупацијата со создавање на предност, која започнува уште можеби на 6 години, ги мотивира мажите секогаш да се омаловажуваат еден со друг, вели Brizendine. Подобро да бидат агресивни во вербалните боцкања, отколку да се расфрлаат со тупаници.

Психолошките студии покажуваат дека покажувањето на надмоќ им е помалку привлечено на повозрасните мажи. Наместо тоа тие почнуваат да посветуваат повеќе време на односите и подобрувањето на заедницата, вели Brizendine.

За оваквата промена можеби придонесува бавното природно намалување на тестостеронот со стареењето на мажот.


Опремени се за татковство


Машкиот мозок е особено подготвен за соработка во месеците пред мажот да стане татко. Идните татковци минуваат низ хормонални промени, пролактинот се покачува, тестостеронот се намалува, окситоцинот расте, што го потикнува татковското однесување.


Татковска игра


Специфичниот начин на кој татковците играат со своите деца, погрубата игра, поголемата спонтаност и предизвикување, им помага на децата полесно да учат, да имаат повеќе самодоверба и да се подготват за животот во светот. Татковците кои се активно вклучени во животот на децата го намалуваат ризикот за ризично однесување нив.


И тие копнеат по свадбените ѕвона


Вообичаено е застапено мислењето дека жените се тие кои сакаат да се скрасат, а мажите сакаат да бидат диви засекогаш. Но ова можеби е едно од најголемите погрешни разбирања. Можеби затоа што овој заклучок е направен врз основа на посматрање на многу млади субјекти.

Една боливијска студија покажала дека најголема веројатност за неверства има додека мажот да наполни 30 години. Потоа примарниот фокус на мажите е да обезбедуваат за своето семејство.

Designed by Antsin.com