Девојче родено со хидроцефалис одлично напредува

Само неколку недели пред терминот за пoродување на родителите им било советувано да го абортираат нивното бебе, заради појава на хидроцефалис. Тие биле шокирани и решиле да ја продолжат бременоста.

Шест месеци по раѓањето на малата Ела Џаи Харви, малото девојче напредува нормално и нејзините родители се уште посигурни во нивната одлука да и дадат шанса за живот, како и тоа дека ја очекува светла иднина.

Мајката (23) вели:

Неподносливо ми е да помислам на тоа што ќе се случеше ако одлучевме да ја прекинеме бременоста.

Дојде наеднаш, таков шок. Сите мои прегледи беа во ред и ова се откри само 5 недели пред мојот термин за породување.

Ни ги кажаа опциите. И Даниел и јас знаевме дека треба да ја продолжиме бременоста, иако лекарите ни објаснија дека можеби ќе има дефекти.

Но, сега кога е тука, Ела Џаи напредува фантастично, ги достигнува сите потребни маркери и е одлична.

Кога имала само 2 дена на Ела Џаи бил вграден шант во главата за да помогне во отстранувањето на течноста. Доколку не било интервенирано таа можела да претрпи оштетување на мозокот и губење на менталните и физичките способности, па дури и смрт. Ела Џаи сеште има уред кој го мери притисокот во главата и цефче,кое мине зад увото, поврзано со стомакот, каде истекува вишокот течност.

Таткото вели:

Проблемот кој таа го има никогаш нема да си замине, но течноста никогаш нема да може да се насобере во главата. На почетокот одевме на контроли во болница секоја недела, но сега ни рекоа да се вратиме по 3 месеци бидеји се оди толку добро.

Designed by Antsin.com