Објавено од Твое Бебе во Среда, 11/09/2011 - 14:19
Пријателството кај децата има влијание во регулирањето на стресот
Кортизолот - хормон на стрес кај луѓето, ја мобилизира енергијата и ни помага да одговориме на потенцијална закана, кога сме под стрес. Зголемените нивоа на кортизол се адаптивни - тие ни помагаат да се прилагодоме на променливите околности и да се справиме со стресорите кога тие ќе се појават - но хронично високо ниво на кортизол може да има негативни ефекти врз тоа како функционираме, особено врз нашиот имунолошки систем.


