Мисија на сајтот: Да обезбедиме квалитетни и современи информации за здрава бременост, бебе, зачнување, родителство и здраво семејство.

љубов

Љубовта на таткото има пресудно влијание врз развојот на личноста на детето

Љубовта на таткото придонесува исто толку - а понекогаш и повеќе за развојот на детето колку и љубовта на мајката. Ова е еден од многуте наоди, кои произлегоа од една нова голема анализа на истражувања за моќта на родителското отфрлање и прифаќање во обликувањето на нашите личности како деца и во зрелоста.

Ronald Rohner - од Универзитетот на Конектикат и коавтор на студијата вели:
 

Дали ги разбираме децата?

Една жена си дошла дома од работа доцна, уморна и иритирана, наоѓајки го нејзиниот 5-годишен син како ја чека на вратата.

СИНОТ: "Мамо, може ли да ти поставам едно прашање?"

МАЈКАТА: "Секако, што е сине?"

СИНОТ: "Мамо, колку заработуваш за еден час?"

МАЈКАТА: "Тоа не е твоја работа. Зошто ме прашуваш такво нешто?" одговорила налутено.

Способноста за сакање е вкоренета во раното детство

Способноста за доверба, љубов и решавање на конфликтите со саканите почнува уште во детството - многу порано отколку што можеби мислите.

Психологот Jeffry A. Simpson - автор на студијата, заедно со колегите W. Andrew Collins и Jessica E. Salvatore од Универзитетот на Минесота, велат:

Признание кон мајката

Мајка е половина од тимот татко/мајка - кој ве создал, оној дел кој ве родил како дете. Кога за првпат таа ве земала во раце, бескрајно се вљубила во вас! Таа е онаа која ви менувала пелени, ве хранела, капела и ве облекувала. Таа е онаа која ве негувала кога сте биле болни, посакувала да може да ја земе вашата болка, но не можела да ја сподели нејзината со вас. Нема никој како мајката.

Семејството - јадро на психички здраво дете

Психичкото здравје на возрасната личност зависи од наследните особини и условите во кои таа личност се развивала како дете. Ние не можеме директно да влијаеме на генетската структура на децата, но можеме да оформиме една средина, која што позитивно ќе влијае на здравиот развој на детето.  
 

Момент со скорпијата

Еден човек видел скорпија како лебди во водата. Тој одлучил да ја спаси и го испружил својот прст, но скорпијата го каснала. Човекот повторно се обидел да ја извади скорпијата надвор од водата, но скорпијата повторно го каснала.

Еден човек во близина му довикнал да престане да ја спасува скорпијата, која што го касала.

Десетте молби на детето до родителите

1. Рацете ми се мали. Ве молам не очекувајте совршенство секогаш кога ќе го направам креветот, секогаш кога ќе нацртам слика или ќе ја фрлам топката. Нозете ми се кратки, ве молам да забавите, така што можам да одам во чекор со вас.
 
2. Моите очи не го виделе во светот како вашите. Ве молам да ми дозволите да истражувам безбедно. Не ме ограничувајте непотребно.
 

"Зошто" на љубовта

Еве една порака која треба да навлезе длабоко во срцата и умовите на секоја мајка и татко: Вие не ги љубите вашите деца, заради она што го прават, туку заради тоа кои тие се.

Едноставно, наградувањето на децата со љубов, заради нивните успеси е како кога циркуски тренер му дава на кучето храна секогаш кога ќе скокне низ обрачот. Кучето не е сакано заради самото себе, туку заради неговите постапки.

За безусловната љубов

 

За љубовта

   Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.

   И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум.

   И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.

Последно на форумот


Subscribe to RSS headline updates from:
Powered by FeedBurner