Децата кои не јадат овошје и зеленчук имаат 13 пати поголеми шанси за констипација

Децата кои не јадат овошје и зеленчук имаат многу поголема веројатност да страдаат од констипација (запек).

Студија покажала дека не само недостатокот од овошје и зеленчук, туку и ако децата пијат помалку од 2 чаши вода дневно, исто така имаат поголеми изгледи за констипација.

Констипацијата често пати е болна состојба, при која вршењето нужда е нередовно и тешко. Ако не се лекува може да предизвика сериозна блокада на цревата.

Др. Moon Fai Chan од Националниот Универзитет во Сингапур и Yuk Ling Chan од Политехничкиот Универзитет во Хонг Конг ги проучиле навиките на исхрана на 383 деца во основно училиште во Хонг Конг.

Децата кои редовно примале лекарства или редовно посетувале болница биле исклучени од студијата.
 

Овошјето и зеленчукот се исклучително важни за здравјето на децата


Тимот отрил дека 7% од децата на возраст помеѓу 8 и 10 години страдале од функционална костипација - што значи констипација без физичка или физиолошка причина.

Децата кои не сакале овошје или зеленчук 13 пати почесто имале проблеми при посетата на тоалетот, а децата кои не пиеле доволно вода имале 8 пати почесто проблеми.

Др. Chan вели дека повеќе студии покажуваат дека состојбата со зачестеноста на функционалната констипација се повеќе се влошува помеѓу децата на школска возраст.

На функционална констипација отпаѓаат околу 95% од вкупните случаи на констипација кај децата.

Состојбата има сериозни последици, кои можат да се протегаат во широк опсег, почувајки од емотивни па завршувајки со физички проблеми.

Научниците сугерираат дека е потребно да се подобрат условите во тоалетите во училиштата, да се едуцираат родителите за важноста на земањето доволно овошје и зеленчук и пиењето доволно вода, како и да се охрабрат училиштата да обезбедат повеќе оброци богати со растителни влакна.  

Др. Chan вели:
 


Се надеваме дека оваа студија ќе помогне да се подигне свеста за функционалната констипација, која може да придонесе кај децата да се јават сериозни физички и емотивни потешкотии и сериозно да влијае врз квалитетот на нивниот живот.