Недостатокот на витамин Б12 - тивка епидемија

витаминот Б12 во храна од животинско потекло

Недостатокот на Б12 витмин е добро проучен, јасни се неговите причини и последици. Она што изненадува е дека податоци покажуваат дека во САД 40% од луѓето имаат ниво на Б12 во ниските граници на нормалата, а тоа е ниво кога веќе кај многу од нив почнуваат да се јавуваат невролошки симптоми. 9% пак имаат пониски вредности од долните граници, додека 16% се близу дефицитарност со Б12 витамин. Исто така изненадува фактот што ниските нивоа на Б12 се покажало дека се карактеристични како за постарите, така и за помладите луѓе.

Прашање: Што е заедничко за сите овие болести?

  • Алцјахмер, деменција, когнитивно опаѓање и губење на меморијата
  • Мултипла склероза и други невролошки заболувања
  • Ментални болести (депресија, анксиозност, биполарно нарушување, психози)
  • Кардиоваскуларни болести
  • Потешкотии во учењето и развојни нарушувања кај децата
  • Спеткар на аутистични нарушувања
  • Автоимуни заболувања и имуна дисрегулација
  • Рак
  • Машка и Женска неплодност


Одговор: Сите тие можат да ги имитираат симптомите на недостаток на витамин Б12.


Симптоми на недостаток на витамин Б12:

 

  • Умор
  • Констипација
  • Депресија, анксиозност итн.
  • Намалена бројност на сперматозоидите кај мажите и намалено либидо
  • Слабост и анемија
  • Астма
  • Губење на помнењето, заборавање итн

 

Витамин Б12 и неговата улога


Витаминот Б12 спаѓа во групата витамини растворливи во вода. Присутен е во секоја клетка и игра важна улога во огромен број биолошки процеси.

Тој соработува заедно со фолатите во синтезата на ДНК и синтезата на крвните клетки.

Исто така е вклучен во синтезата на обивката од миелин околу нервите и спроведувањето на електричните импулси. Ако го замислите мозокот и нервниот систем како големо клопче од жици, миелинот е изолацијата која ги заштитува тие жици и им помага да ги пренесуваат пораките.

Тешкиот недостаток на витамин Б12 кај состојби како перникулозна анемија, бил фатален се додека научниците не сфатиле дека смртта може да се избегне ако им се дава на пациентите да јадат сиров црн дроб (кој содржи големи количества на Б12). Но, анемијата е крајната фаза на недостатокот од Б12. Долго пред да се случи анемијата има низа на други проблеми, вклучувајки: премореност, летагрија, слабост, губење на меморијата и невролошки и психијатриски проблеми.
 
Недостатокот на витамин Б12 се јавува во 4 стадиуми. Почнува со опаѓање на нивоата на Б12 во крвта (прва фаза), потоа прогресира во ниски концентрации на витаминот во клетките (втора фаза), зголемено количество на хомоцистеин и намалена стапка на синтеза на ДНК (трета фаза) и конечно макроцитична анемија (четврта фаза).


Зошто е толку чест недостатокот на витамин Б12?


Абсорпцијата на Б12 е комплексна и вклучува неколку чекори, од кои секој може да тргне во погрешна насока. Причини за нарушена абсорпција на Б12 се:

  • Нарушување на цревната микро флора
  • Пропусливи црева и/или воспаление на цревата
  • Атрофичен гастритис или хипохлоридија (намалена количина на стомачна киселина)
  • Перникулозна анемија (автоимуно заболување)
  • Медикаменти (особено оние кои се земаат против желудечни киселини)
  • Алкохол


Генерално, следниве групи имаат поголем ризик за недостаток на витамин Б12:

  • Вегетеријацни и вегани
  • Луѓе постари од 60 години
  • Луѓе кои редовно земаат средства против желудечни киселини
  • Луѓе кои примаат лекарства за дијабетис, како метформин
  • Луѓе со кронова болест, улцеративен колитис, целијакиа или синдром на нервозни црева
  • Жени со историја на неплодност и спонтани абортуси

 

Третман кај недостаток од витамин Б12


Ако се сомневате дека имате недостаток на Б12 потребно е да направите лабораториско испитување. Ако се докаже недостатокот, третманот ќе зависи од причината која довела до него. На пример, ако недостатокот се јавува заради перникулозна анемија или воспалителна болест на цревата (како Кронова болест) веројатно дека до крајот на животот ќе треба да примате инекции на витамин Б12. Ова важи и за оние, кои веќе имаат тежок недостаток и развиле тешки невролошки симптоми.

Некои нови студии сугерираат дека високи орални или назални дози можат да бидат ефикасни како и инекциите. Но, повеќето експерти за такви случаи препорачуваат Б12 во форма на инекции.

Најрапространета форма на витамин Б12 во суплементите е цијанокобаламин, но истражувањата покажуваат дека хидроксикобаламинот е поефикасен. А како уште поефикасна форма на витамин Б12 се покажува дека е метилкобаламинот, особено кога се работи за невролошки нарушувања.

Јапонска студија индицира дека метилкобаламинот е поефикасен и подобро се апсорбира бидејки премостува неколку потенцијални проблеми во циклусот на апсорбција на Б12. Згора на се, метилкобаламинот му обезведува на телото и метил групи, кои играат улога во разните биолошки процеси, важни за целото здравје.

Следниот пат кога ќе помислите дека нешто ви се случува затоа што "стареете", можеби да биде недостаток на витамин Б12.

Особено загрижува што недостатокот на витамин Б12 кај децата влијае врз интелектуалните процеси и начинот на размислување. Затоа е особено важно да се внесува балансирана исхрана.


Храна богата во витамин Б12:

 

  • Говедски црн дроб
  • Сардини
  • Говедско месо
  • Туна
  • Сирење
  • Јагнешко месо
  • Јајца
  • Лосос итн.


Токму заради тоа што витаминот Б12 главно се среќава во производи од животинско потекло, особено голем ризик за негов недостаток имаат луѓето, кои практикуваат вегетеријанска исхрана. Тоа не значи дека тие мора да се откажат од таквиот начин на исхрана, но потребно е да обратат поголемо внимание и да земаат соодветни суплементи.