Во една студија која ја направиле научниците од Универзитетот во Саутхемптон е откриено дека исхраната богата со масти во текот на бременоста, ги зголемува шансите за тешко заболување на црниот дроб, поврзано со негово замастување во возрасни години.
Неалкохоличарската масна болест на црниот дроб е поврзано со дебелината и е предизвикана од натрупување на масти во црниот дроб. До неодамна оваа болест се сметаше за ретка и не многу опасна, но денес претставува едно од најчестите заболувања на црниот дроб, кое може да премине во цироза.


