Премногу гледање ТВ кај децата носи ризик за идни срцеви заболувања
Social Buttons

Со години родителите се загрижени заради гледањето премногу телевизија, сега студија покажа дека тоа е навистина лошо за здравјето на нивните деца.
Алармантната нова студија покажа дека децата на возраст од 6 г., кои трошат премногу време пред ТВ, имаат стеснети артерии во задниот дел од нивните очи.
Слични промени на артериите кај возрасните укажуваат на тоа дека пациентите треба да се упатат на специјалист за проверка на срцето. Тоа е затоа што овие ситни артерии се барометар за она што се случува на другите места во телото.
Телевизијата со долгорочни штетни последици врз здравјето на децата
Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј пронајдоа дека децата кои поминуваат најмногу време пред екранот, имаат постеснети артерии, во споредба со оние кои редовно учествуваат во физички активности надвор од домот.
Ова ги зголемува нивните шанси за развој на срцеви заболувања, висок крвен притисок и дијабетес, подоцна во животот.
Др. Bamini Gopinath - водач на студијата, вели:
Родителите треба да ги натераат своите деца да се движат и да станат од каучот.
Откривме дека децата со високо ниво на физичка активност имаат поделотворен микроваскуларен профил, во споредба со оние со најниско ниво на физичка активност.
Студијата опфатила 1.500 деца на 6 и 7 години и пронашла дека во просек децата поминуваат скоро два часа дневно пред телевизор или компјутер, а само 36 минути во организирана физичка активност.
Оние деца со највисоко ниво на активност - повеќе од еден час во текот на денот, имале значително пошироки ретинални артерии, од оние кои трошеле помалку од 30 минути во физичка активност.
Др. Bamini Gopinath вели:
Сметаме дека со промените на артериите се добар претставник за она што се случува во останатиот дел од телото.
Тоа што овие промени се случуваат кај толку млади деца е многу алармантно.
Портпаролот на оптометричката организација -Адријан Бел, вели дека јасно може да се види дека повеќето деца на возраст од 6-7 години трошат многу повеќе време пред екранот, од претходните генерации, што доведува до зголемување на "проблемите со фокусот" во раните 20-ти години.


