Пасивното пушење неповратно ги оштетува артериите кај децата
Social Buttons

Пасивното пушење кај децата води до задебелување на ѕидовите на артериите, што значи дека децата имаат повисок ризик за ифаркт и мозочен удар покасно во животот.
Според научниците, изложеноста на децата на дим од цигари во домот им додава 3,3 години старост на крвните садови додека децата растат.
Студијата вклучила 2401 дете од Финска и 1375 деца од Австралија, на возраст од 3-18 години.
Научниците им поставиле на родителите прашања за нивните навики на пушење и потоа со ултразвук ја измериле дебелината на ѕидовите на артериите кога децата станале возрасни.
Ова е единствена студија која ги следела децата во текот на зрелоста за да ја испита поврзаноста на изложеноста на пушење на родителите и променетата дебелина на двата внатрешни слоја на артериските ѕидови во зрелите години.
Др. Seana Gall, вели:
Иако разликите во дебелината на артериите се скромни, важно е да се земе во предвид дека тие ги покажуваат независните резултати на само една мерка на изложеноста на цигари.
На пример, оние деца кај кои двајцата родители пушеле имале поголема веројатност дека како возрасни ќе пушат и самите и ќе страдаат од дебелина, отколку оние деца чии родители не биле пушачи.
Нашата студија покажува дека изложеноста на пасивно пушење во детството предизвикува директна, неповратна штета на структурата на артериите.
Родителите или оние кои имаат намера да станат родители треба да престанат со пушење. Ова нема да го обнови само нивното здравје, туку ќе го заштити здравјето на нивните деца во иднина.
Doireann Maddock, вели:
Ако сте пушач најефикаснен начин за да ја спечите изложеноста на вашите деца на дим од цигари е да престанете со пушење. Ако тоа не е можно, тогаш најдобра алтернатива е домот и колата да бидат зони без дим од цигари.


