Децата гледаат премногу секс на телевизија и се принудени да пораснат пребрзо, велат загрижените родители

Вулгарните телевизиски емисии и облеката - која личи на онаа на возрасните, ги принудуваат децата да пораснат пребрзо, велат загрижените родители.

Експлицитните маркетинг кампањи и "премногу возрасните" сапунски серии, исто така треба да се обвинат, укажува студија на Министерството за образование во В. Британија.

Речиси девет од десет родители сметаат дека децата чувствуваат притисок да се однесуваат како повозрасни, отколку што се. И речиси половина сметаат дека ограничувањето од 21:00 часот за да се заштитат младите - нема веќе никаква сила.

Во анкетата, 41% од родителите се согласиле дека во ТВ емисиите или рекламите пред 21 часот, биле прикажувани нешта за кои тие сметаат дека се погршни за да ги гледаат нивните деца.

40% од родителите изјавиле дека виделе билборди, на кои децата не треба да бидат изложени.
 
Reg Bailey, кој води независна ревизија на комерцијализацијата и сексуализацијата на детството, вели:
 


Родителите ни кажуваат дека се загрижени заради притисокот кој се става врз децата за да пораснат пребрзо. Јасно е дека нивните проблеми не се создадени од морална паника, туку од нивното секојдневно искуство.

Тие се борат против бавното навлегување на зголемената комерцијална и сексуализирана култура и однесување, за кои велат дека ги спречува да го применат родителството на начин на кој тие сакаат.

 


Истражувањето доаѓа една недела откако британскиот моден бренд Jack Wills, кој беше обвинет дека ги поместил границите на пристојноста предалеку.

Најновиот каталог на популарниот бренд беше забранет да се дистрибуира, поради експлицитни слики.

Една од сликите во каталогот Пролет 2011, прикажува млада жена облечена само во пар гакички, со ногата обвиткана околу речиси гол човек.

Во септември, повеќе од 3.000 луѓе се пожалија дека танцувачките движења во X Factor финалето, од поп-ѕвездите Кристина Агилера и Ријана се премногу експлицитни.

Продавницата Primark се најде под оган, заради продажба на бикини со потполнки за 7 годишни девојчиња. Од истата компанија преходно беа пуштени во продажба танга за 10 - годишни девојчиња.

Загриженоста на родителите не е без причина, но едноставно како нивната загриженост да не ги засега оние кои ги продаваат своите производи.