Присилните абортуси во Кина продолжуваат: Ќе го убијат вашето бебе пред вашето лице

Social Buttons

Чен

Во денешна Кина, под комунистичкото владеење, власта може да ја стави нејзината рака во вашето тело, да го грабнат вашето бебе од вашата матка и да го убијат бебето пред вашето лице. Ова се зборови на Чен Гуангчен - номиниран за Нобелова награда за мир. Тој е слеп адвокат за човекови права, бил затворен, измачуван со години во Кина, каде му била оневозможена било каква медицинска помош. Тој ја обелодени грозоморната употреба на присилни абортуси и недоброволна стерилизација на присилното спроведување на политиката на едно дете во Кина.

Реџи Литлџон, претседателкa на "Женски права без граници" изјави: Изјавата на Чен Гуангчен беше екстремно храбра. Тој даде опис на нешто што го нарекува "воена зона", каде луѓето од цели села спијат во полињата за да избегнат присилен абортус, од рацете на застрашувачката Полиција за Семејно Планирање. Тој изјави дека Одделот за Централна Пропаганда ставил забрана на медиумите, така да случаите на присилни абортуси не се објавуваат во медиумите. Понатаму, полицискиот оддел и судскиот систем имаат наредба да не се допираат до таквите случаи, оставајки ги жртвите без правда.

Чен нагласи дека Комунистичката Партија не го претставува Кинескиот народ, туку таа станала јавен непријател на Кинескиот народ. Тој уште изјави дека КП е многу поопасна од терористичките групи. Говорот го завршил со зборовите:Во таква ситуација, ние, луѓето на совеста, мораме да застанеме со Кинескиот народ и да го завршиме комунистичкото владеење во Кина. Говорот е одржан на прослава на интернационалниот ден на девојчињата.

Повеќе за присилните абортуси во Кина тука: Како свињи во кланица: Денот кога кинеските власти брутално го убија моето неродено дете

Designed by Antsin.com