Совети од мајка до секоја нова мајка

1. Првите две недели дозволете си да ги поминете во кревет со бебето. Доколку имате таква можност, за другите работи нека се грижат другите. Вие посветете се колку можете повеќе еден на друг, а во исто време секако ќе ви биде потребен одмор за да закрепнете по породувањето.


2. Во ред е ако бебето спие заедно со вас. Во ред е и ако бебето спие во своето креветче. Клучно е мајката и бебето да го добијат потребниот сон. На некои жени им е многу полесно да спијат, а и бебето да спие задоволно, доколу спијат во ист кревет. Тоа многу го олеснува и доењето. Можеби вашето бебе ќе има поинакви преференци, но верувајте една работа, тоа уште од самиот почеток јасно ќе ви стави до знаење што му се допаѓа, а што не. Доколку го ставате бебето да спие во вашиот кревет, само внимавајте на мерките за безбедност.


3. Закрепнувањето за некои мајки е тешко, па дури и ако немале комплицирано породување. Дајте си време за да заздравите, доволно време. Вашето тело ќе ви каже и самото, нпр ако претерате со активности може да се засили крварењето - лохија. Слушајте го свето тело и не си ставајте врз себе притисок за што побрзо да се вратите на нормалните активности.


4. Доењето за некои мајки е тешко. Можете да успеете во него, но понекогаш можеби ќе ви се чини дека е безнадежно, барем на почетокот. Добијте ја секоја можна помош, консултирајте се за доењето со медицинските лица, патронажната сестра, можете да се зачлените во некоја група за подршка на доење итн.


5. Многу важно е ВИЕ да се грижите за бебето. Вашите блиски и пријатели сигурно ќе горат од желба да го држат бебето, но тоа време нека биде ограничено. Ако имате помош од мајка, свекрва и сл., тие треба да ви помогнат на пример со чистење, готвење, перење итн. за ВИЕ да можете да се грижите за бебето.


6. Не можете премногу да го држите бебето во раце, игнорирајте ги сите совети што ви го кажуваат тоа. И вас и на бебето му е потребен взаемниот контакт.


7. Вашиот лекар не е Бог. Во ред е ако имате сомнежи и ако не сте задоволни променете го. Важно е лекарот на вашето бебе да биде човек во кого ќе имате доверба.


8. Слушајте го вашето срце, вашата мајчинска интуиција или како и да го наречете тоа. Таа ќе биде во право во 99% од случаите. Слушајте го и вашето бебе. Направете комбинација од овие две нешта и ја имате добитната комбинација за успех.


9. Вашето бебе е најдоброто нешто на целиот свет и немојте никому да му дозволите да ве убеди поинаку.