Новороденчињата навистина имаат неодолив мирис

Мирисот на новороденчето е хемиска комуникација помеѓу мајката и бебето.

Кога мајката ќе го почувстува мирисот на бебето, во нејзиниот мозок се активираат истите делови кои се активираат кога прави нешто пријатно, како кога јаде или има секс - велат Канадските истражувачи.

Научниците велат дека мирисот на бебето кај мајката ги предизвикува истите чувства што ги имаат зависниците од дрога кога ќе го земат својот фикс.

Често пати жените за некое бебе велат дека е толку слатко што сакаат да "го изедат" - тоа е биолошка реакција, поврзана со мајчинската функција и доаѓа од активирањето на истите патишта во мозокот.

Др. Johannes Frasnelli, од Универзитетот на Монтреал вели:

Мирисните, односно невербални и невизуелни хемиски сигнали за комуникација помеѓу мајката и бебето се интезивни.

За прв пат покажавме дека мирисот на новороденчињата, кој е дел од овие сигнали, ги активира невролошките патишта за награда кај мајките.

Овие патишта особено се активираат додека јадете кога сте гладни, но исто така и кај зависниците кога ја примаат дрогата. Всушност се работи за задоволување на желбата
.

За цел на студијата, др. Frasnelli со колегите на 2 групи од по 15 жени им дале да помирисаат пижами со мирис на новороденчиња додека го скенирале нивниот мозок. Едната група на жени биле породени неодамна (во последните 6 недели), а другата група жени никогаш немале родено дете.

Иако мирисот не им припаѓал на нивните сопствени бебиња, кај жените кои имале свои новороденчиња хемикалијата која предизвикува задоволство - допаминот, скокнал, во споредба со жените, кои што не биле мајки.

Студијата укажува на улогата која ја има мирисот на новороденчето во развојот на мотивирачките и емотивните реакции помеѓу мајката и детето, и пројавувањето на негувателските функции, како доење и заштита.