Мотивацијата на мајките кои дојат поголеми бебиња
Мајките кои одлучуваат да ги дојат нивните деца и откако ќе наполнат една година сметаат дека здравјето и социјалниот развој на нивните деца е најважен, додека советите на здравствените професионалци, семејството и пријателите се помалку важни. Ова се резултатите на студија, презентирана на 13 Октомври, на Америчката Академија на Педијатри. (ААП)
За да откријат зошто некои мајки одбираат да им овозможат на нивните деца продолжено доење, истражувачите испитале повеќе од 50.000 жени во САД, на возраст од 18-50 години.
Три најважни причини заради кои мајките одбирале да им овозможат на бебињата продолжено доење биле: хранливите бенефити на мајчиното млеко, другите здравствени придобивки од мајчиното млеко и можноста за посилна социјална врска со нивното бебе.
Освен здравствените придобивки и поврзувањето со нивните деца, други важни фактори кои влијаеле мајките да дојат и после една година, вклучувале: задоволство, подршка од сопругот или партнерот, подршка од La Leche League (интернационална организација за подршка на доењето) и тоа што не требало да даваат пари за адаптирано млеко.
Иако повеќето жени чувстувале дека можат слободно да дискутираат за нивната одлука да го дојат бебето и после една година со нивните педијатри, нивните препораки не ги идентифицирале како важни во смисла на одлуката за продолжено доење.