Братче со огромно срце го носи братчето со посебни потреби низ тријатлон

браќата заедно

Повеќе од браќа, тие се најдобри пријатели. Осум годишниот Ноа не сакал неговиот шест годишен брат Лука да биде само набјудувач и затоа решил заедно со него да мине низ целиот мини тријатлон, во кој учествувал во Ајдахо.

Лукас има ретко генетско нарушување и тој не може да оди, зборува, ниту да јаде самостојно.

Ноа пак одлучил на неговиот брат да не му биде ускратено ништо и да добие максимум од животот.

 

братчињата со количка
Првата милја Ноа го туркал Лука во количка.

 

браќата со велосипед

Потоа истата количка ја влечел со велосипед во должина од 3 милји.

 

братчињата во вода

На крајот препливал 200 метри, влечејки го чамецот со неговиот брат.


Трката ја завршиле на време, за 54 минути, иако подвигот воопшто не бил лесен.

Такото вели:

Тие дефинитивно имаат посебна поврзаност. Можете да видите колку многу Лука се разведрува кога Ноа ќе влезе во собата. Едноставно ви се појавува насмева на лицето, кога ќе ја видите таквата братска љубов меѓу момчињата.

Ноа вели:

Повеќето од времето јас спортувам, а тој мора само да гледа. Јас сакав да ја поминам трката со Лукас.

 

братска љубов

Безгранична братска љубов

 

Насмевката на Лукас по настанот траела со часови, а во очите на посматрачите имало многу солзи.