Дрвосечач спасил бебе од давење при сообраќајка
Social Buttons
Дрвосечач од Портланд спасил бебе од давење, откако возачот на возилото загубил контрола над него заради подмрзнатиот пат. Возилото заедно со патниците излетало од патот, превртувајки се во вода.
Дрвосечачот Лео Муди, враќајки се дома во својот автомобил, го забележал превртеното возило, веднаш се јавил во итната помош и побрзал до возилото за да им помогне на патниците.
Двајца од патниците сами излегле од водата, а Муди и помогнал да излезе на мајката на бебето, која хистерично му кажала дека на задното седиште е врзано нејзиното бебе во автоседиште. Муди веднаш повторно се вратил до возилото во студената вода, излазил под него и со џепниот нож почнал да ги сече каишите од автоседиштето. Тој вели дека рацете му биле толку премрзнати што не ги чувствувал и додека ги сечел каишите постојано си повторувал во себе си: Немој да го испуштиш ножот!
Муди вели дека постојано го носи ножот со него и најчесто му служи за да излупи јаболко, но се покажал исклучително корисен.
Кога успеал да ги пресече каишите, испливал со бебето и му го подал автоседиштето на друг сведок на настанот, со зборовите: Земи го!
Бебето било студено и не дишело, но вториот сведок на настанот, кој работел како шумар, го извадил од автоседиштето и успеал со вештачко дишење, научено на курс на почетокот на годинава, да го врати бебето во живот. Потоа тоа почнало да плаче и било однесено во болница за да остане под надзор. Освен помали повреди, сите патници биле во добра состојба.
Сопругата на несебичниот дрвосечач вели дека тој се вратил дома накиснат до гола кожа, измрзнат и потресен... но таа продолжува:
Тоа е само една причина зошто го сакам, мисли на другите наместо на самиот себе!




