Колку болка искусив во преживеаниот абортус?
Social Buttons
Пред неколку дена си го притиснав прстот на вратата. Додека испуштив крик, во исто време, симултано, наеднаш ми прелета мисла на која не сум помислила долго време: Се прашувам колку болка искусив за време на абортусот, кој го преживеав?
За мене ова е ужасно непријатна мисла, како што би можеле да претпоставите и долго време се обидував да ја потиснам во мојот ум, скоро исто толку многу како мислата дека требаше да бидам убиена низ тоа.
Секој ден, додека ги искусувам радостите на мојот живот, како кога ја ставам Оливија навечер во кревет или го прегрнувам мојот сопруг после долг напорен ден на работа, болното минато од време на време се слизнува во мојот ум, терајки ме да запрам. Нечии туѓи дела, делата на мојата баба, која ја присилила мојата мајка да абортира пред 36 години, ќе ми ги одземеа овие моменти, одземајки ми го животот.

Како и било кој друг, кој бил жртва на ужасна неправда, иако оваа болка ме кутка на колена, исто така ме крева на нозе за да се борам за другите, за и тие да не бидат виктимизирани како што бев јас.
Тоа ме води назад, до мојата првична мисла, кога си го стиснав прстот пред неколку дена. Без разлика кој е вашиот став за прашањето на законските стратегии за живот, реалноста е дека секој ден, деца страдаат од истата судбина, која ми беше наменета мене пред 36 години. Тие се убивани и во тој процес не се сомневам дека искусуваат страшна болка.
Како преживеана од доцен абортус, во приближно 31 гестациска недела, ќе продолжам да се борам секој ден од мојот живот за им дадам лице и глас на милионите деца во САД, кои страдаат од судбината, која ми беше наменета мене, смрт преу абортус.
Би била несовесна ако не зборувам отворено за болката, што мора да сум ја чувстувала кога токсичниот, солен раствор бил вбризган во мојата плодова вода, оставајки ме да изгорам до смрт. Би била несовесна ако не ја подигнам колективната свест во нашата земја, за болката која други деца ја чувстуваат секојдневно, додека искусуваат смрт.
Јас не заслужив да бидам виктимизирана како бебе во утробата, ниту било кое дете го заслужува тоа, без разлика дали се 31 недела или 31 ден гестациска возраст.

Melissa Ohden



