Трите храбри девојчиња се во ремисија и ја рекреираат нивната позната фотографија

Social Buttons

трите силни девојчиња

Трите храбри девојчиња, чија фотографија во почетокот на годинава го обиколи светот, сега повторно ја рекреираат - но во сосема поинакво светло. Болеста кај сите три е во ремисија, а кај двете помали со прекинот на хемотерапијата веќе се гледа и порасната косичка.

Тие сега се блиски пријателки.

Новата фотографија е полна со повеќе надеж и на неа се гледа многу повеќе среќа. Мајката на Еинсли вели дека тие покажаа дека и најмалите борци се полни со сила. Мајката на Ријан пак додава дека е многу трогателно што приказната на нивните ќерки и нивната сила имаше толку позитивно влијание врз луѓето, иако девојчињата и самите не се толку свесни за тоа колкава инспирација беа.

Првата фотографија од почетокот на годинава:

трите победнички

Фотографијата е направена со цел да се прикаже силата и духот на оние кои се борат со рак. Од сликата зрачат таква сила, близина и смиреност. Насловот на сликата гласи: Понекогаш силата доаѓа од спознанието дека не си сам.

Три годишната Рајли туку што победила рак на бубрези, во петти стадиум. Шест годишната Ријан се изборила со рак на мозокот, а четири годишната Еинсли победила леукемија.

среќните девојчињарадосна игра

трите пријателки

Designed by Antsin.com