Прекрасна поука: Што е важно за едно дете

Учителката ги замолила децата да напишат состав за тоа што би сакале Бог да стори за нив.


Вечерта додека ги прегледувала составите наишла на еден, кој силно ја растревожил.

 

http://tvoebebe.com/INSPIRATIVNI/iskrenite-detski-zelbi

 


Во тој миг влегол нејзиниот сопруг и ја видел како плаче.


-Што се случило? Ја запрашал.

Читај, му рекла и му го подала составот на момченцето.

"Господе, денес ќе те помолам нешто чудно: Претвори ме во телевизор"

  • Сакам да го завземам неговото место. Сакам да си живеам како што живее нашиот телевизор.
  • Сакам да имам важно место и да го собирам семејството околу себе.
  • Сакам да ме слушаат, без да ме прекинуваат и да ме прашуваат додека зборувам.
  • Сакам да бидам во центарот на внимание. Сакам да се занимавам со тоа со кое се занимава телевизорот.
  • Сакам да бидам во присуството на тато кога ќе си дојде дома, па дури и да е уморен.
  • Сакам мама наместо да ме игнорира, да доаѓа кај мене кога се чувствува осамена и тажна.
  • Сакам понекогаш родителите да остават се и да поминат малку време со мене.

Боже, не барам толку многу...

Барам само да живеам како што живее секој телевизор!

Ужас! Кутро дете! Извикал мажот. Какви се тие родители?!


- Тоа е составот на нашиот син.