Ја советувале да го абортира едниот близнак за другиот да има подобри шанси да преживее

близначките

Carmelle Hartgrove и нејзиниот сопруг биле пресреќни кога дознале дека ќе имаат близнаци. Но нивната радост била поматена кога лекарите им кажале дека бебињата се моноамино и дека делат еден водењак и една плацента. Им сугерирале да го абортираат едниот близнак, бидејки во спротивно шансите да преживеат биле само 30%.

 

мајката и близначките


Двајцата родители воопшто не чувстувале потреба ни да дискутираат за предлогот, туку останале цврсти на ставот дека ќе ги задржат двете бебиња.

Мајката вели:

Сега ги гледам и размислувам за тоа какви чуда се тие навистина.

На крај на краишта, не беше тоа тешка одлука. Шансите од 30% за мене беа доволни.

Парот веќе имал 2 деца кога почнале да размислуваат за трето.

 

семејството



Кармел не кажала на никого дека е бремена се додека не влегла во 24-та недела од бременоста и вели дека постојано се плашела да не се заплеткат папочните врвци на бебињата - една од можните компликации.

Таа вели:

Како можев да изберам помеѓу нив двете? Секогаш кога ќе погледнев на преживеаниот близнак ќе помислев: Убив некого за да те спасам тебе.

Стив и јас дури немавме ни потреба за да разговараме за тоа, бевме единствени во одлуката без да дискутираме за неа.

 

сестричките



Стравот дека ќе им заплеткаат папочните врвци бил постојано присутен, Кармел вели дека за да се случи тоа било доволно само да се прегрнат и да ја повлечат врвцата.

Мајката вели:

Немаше ден да не помине, а да не испаничам дека починале бидејки не можев да го почувстувам нивното движење.

Тоа беше стресна бременост. Не би сакала никој да доживее такво стресно искуство.

Кога влегла во 32-ра недела со царски рез се родиле: Charis Faith и Connie Grace.

 

бебињата



Сега тие имаат 20 месеци и се слика на здравје. Нивната мајка вели дека уште кога биле новороденчиња двете сакале да спијат прегрнати, а дека сега наутро се качуваат во креветчето на другата.

Кога се родиле, нивниот татко само што ги пресекол папочните врвци се онесвестил. Кармел вели дека биле легнати во иста соба еден наспроти друг. Тоа бил драматичен крај на една драматична бременост.

Неодамна семејството добило уште едно братче, но бременоста со него во споредба со бременоста со близначките за Кармел била како песна.