Мачка во Русија спасила напуштено бебе на студот

Social Buttons

спасеното бебе

Мачката Маша му го спасила живтот на напуштено бебе на студот. Случката се случила во Русија, во Обнинск. Таа скокнала во кутијата, во која се наоѓало бебето и топлејки го го одржала во живот.

Портпаролот на болницата, каде што го примиле бебето вели тоа било на студот неколку часа и благодарение на Маша поминало без повреди.

Благородната мачка мјаукала по минувачите за да им го сврти вниманието. Жената која го видела бебето, Irina Lavrova, вели:

Таа е многу мирна и пријателски расположена, така да кога ја слушнав како мјаучи си помислив дека можеби се повредила. Вообичаено таа би дошла и би ме поздравила. Можете да го замислите мојот шок кога ја видов како лежи во кутијата до бебе.

Бебето за кое се мисли дека има помеѓу 6 и 12 недели било однесено во блница, каде прегледот покажал дека е во добро здравје. Личноста која го напуштила оставила бебешка торба со храна и пелени.

Инаку Маша е улична мачка, за која во последните 3 години се грижат локалните станари. Кога го видела напуштеното бебе кај неа се разбудиле мајчниските инстикти и го примила како нејзино. Соседите велат дека Маша седела со часови покрај патот, чекајки да го вратат бебето.

Маша и сосетката



Сега таа е херој и добива кралски третман од жителите на нејзината улица. Лаврва вели:

Сите во блокот сме горди на неа. Ја разгаливме давајки и ја нејзината омилена храна.

Designed by Antsin.com