Млада жена отишла на лекар заради болки во стомакот и родила моно амнио близнаци

Social Buttons

родителите со близнаците

Шелби Магани и нејзиниот свршеник немале поим дека таа е бремена. Кога добила остри болки во стомакот и отишла на лекар, и кажале дека можеби е трудна. Се испоставило дека е во шести месец од бременоста.

Не само тоа, туку била бремена со моно амнио близнаци - бебињата делат иста плацента и околуплодови обвивки. Моно амнио бременоста е високо ризична и веројатноста за компликации е голема. Често пати може да се случи да се заплеткаат папочните врвци, што може да доведе до сериозни компликации и смрт.

После неколку часа откако дознала дека е бремена, Шелби се породила со царски рез. Близначките тежеле само по околу 1500 гр и 2000 гр, но тие се живи и здрави.

Среќните родители се чувстуваат благословени што имаат такви убави и здрави ќерки, без разлика што не знаеле дека Шелби е бремена. Таа е воодушевена што е мајка и вели:

Почувстував остра болка во левиот дел од стомакот и отидов на лекар, тие ми кажаа дека мислат дека сум бремена. Ми кажаа дека сум во 6 ти месец од бременоста и ме пратија на ултразвук. Тогаш ми кажаа дека се близнаци.

Таткото е сеуште шокиран и восхитен во исто време.

Мајката вели дека сеуште се обидува да ја процесира целата ситуација:

Чудно е колку моно амнио бременоста е ризична, а колку добро се двете бебиња. Тоа е навистина благослов. Тие двете се мали чуда, толку многу работи можеше да тргнат погрешно, но тоа не се случи.

близначка



Лекарите очекуваат дека за 2 недели малите Ава и Ана ќе можат да заминат дома.

Нека се живи и здрави!

Designed by Antsin.com