Соодветна реакција на родители кога дознаваат дека очекуваат четворка
Social Buttons
Кога Ешли Гарднер отишла на првиот ултразвучен преглед после успешна ин витро постапка доживеала огромно изненадување. После 8 години обиди да забремени со нејзиниот сопруг Тајсон имале успех уште со првото ин витро.
Во стомакот на Ешли лекарите вратиле 2 ембриони. Она што никој не го очекувал било дека двата ембриони ќе се поделат и сите четири успешно ќе се имплантираат.
На прегледот била и пријателката на Ешли, така да успеала на камера да ја овековечи реакцијата на среќните родители. Таа вели дека никогаш дотогаш не доживеала такви емоции. И посакуваме лесна и убава бременост.









