Ласерите во играчките можат да предизвикаат сериозни повреди, па дури и слепило

Social Buttons

Американската агенција за храна и лекови предупредува дека многу играчки со ласер, како пиштоли, мечеви и сл. можат да ја оштетат зеницата во окото.

Обично овие повреди на очите се безболни, но видот се влошува со текот на времето. Повредите можат да бидат незабележани со денови, па и недели и можат да остават трајни последици врз очите на децата.

Dan Hewett, вработен во агенцијата вели:

Зракот кој е вперен директно во окото на личноста може моментално да ја повреди, особено ако се работи за силен ласер.

Тој вели дека играчките кои типично предизвикуваат повреди вклучуваат: оружје со ласери за нишанење, ротирачки светла, мачеви и сл.

Hewett вели дека рекламите ги промовираат овие играчки за игра, така да родителите мислат дека се безопасни.

Но тоа често не е случај, а родителите мора да бидат внимателни кога нивните деца си играат со електронски играчки.

Во последните години моќта на ласерите се зголеми, а цените паднаа, додава Hewett.

Ако веќе им дозволувате на вашите деца да играат со ласери, агенцијата препорачува играчките никогаш да не се вперуваат да светат директно во некоја личност.

Понекогаш енергијата од ласерот вперена во очите може да биде поопасна отколку директно гледање во сонцето.

Од агенцијата уште препорачуваат ласерот да не се вперува во рефлектирачка површина.

Designed by Antsin.com