Дали стресот може да биде заразен?

Social Buttons

Група психолози од Универзитетот на Сент Луис тврдат дека во извесни ситуации стресот може да биде префатен од странци.

Целта на експериментот бил да дознаат колку подложни биле туѓинците на стрес од втора рака.

Во експериментот тие побарале од група учесници да одржат јавен говор или пак им бил даден аритметички предизвик, додека други луѓе посматрале.

Истражувачите го мереле нивото на кортизол во плунката. Тие откриле дека стресот кај набјудувачите бил пропорционален на оној на говорниците, а полот немал никакво влијание врз него.

Стресот може да биде предаден преку тонот на гласот, изразот на лицето, ставот, па дури и мирисот.

Од тимот велат:

Покажавме дека стресот може да биде заразен и префатен од набјудувачите.

Tony Buchanan, професор на Одделот за Психологија на Универзитетот во Сент Луис, додава:

Откритието дека кај некои луѓе понекогаш можете да предизвикате стрес само со седење и гледање на некој друг што е под стрес, беше нешто што не изненади.

Designed by Antsin.com