Јадењето свеж лук го преполовува ризикот од рак на белите дробови

Кинеска студија покажала дека оние луѓе, кои јадаат свеж лук барем два пати неделно, имаат 44% помал ризик за рак на белите дробови.
Јадењето на лук кај пушачите пак го намалило ризокот за рак на белите дробови за 30%. Се смета дека пушењето е причина за околу 80% од ракот на бели дробови. Помалку од еден на десет луѓе по дијагностицирањето на оваа болест е сеуште жив во наредните 5 години.
Претходни студии покажаа дека лукот ги заштитува белите дробови и од други болести, а и го намалува ризикот за други малигни заболувања, како и за рак на цревата. Претходно студија во Австралија покажа дека лукот го намалува присуството на тумори во цревата за 30%.
Научниците сеуште не знаат дали и зготвениот лук го има истиот ефект како свежиот. Клучна состојка е алицинот, кој се ослободува кога лукот се дроби или гмечи.
Се смета дека лукот го намалува воспалението во телото и дека делува како антиоксидант, намалуваји ја штетата од слободните радикали во клетките.
Исто така веќе е познато дека лукот делува како природен антиботк и штити од настинки, па дури и маларија.

