Како да го победите гладот за благо

Social Buttons

Консумирањето на шеќер може да предизвика многу здравствени проблеми, како дијабетис, дебелина, болести на срцето, а како што покажа неодамнешна студија ефектите се уште пострашни од тоа што се мислеше и кога шеќерот се консумира во рамките на дозволените дози.

Кога консумираме шеќер, шеќерот во крвта нагло ни се зголемува, а потоа нагло опаѓа и не тера да земаме уште повеќе шеќер и се вртиме во нездрав круг.

Според Др. Deirdre Rawlings, од Универзитетот во Клејтон овој круг може да се скрши со консумирање на следните 5 вида здрава храна:

Јаболка

Јаболката природно се благи, па со тоа се ефикасни за борење со гладот за шеќер. Освен нивната блажина, тие се богати со растителни влакна и прават да имаме чувство на ситост во стомакот.

Слатка пченка

Освен што е здрав зеленчук, слатката пченка помага против гладот за шеќер. Со својата блажина таа дава чувство на ситост, а со тоа ја намалува потребата од јадење шеќер. Освен тоа слатката пченка е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и дигестивни влакна.

Сладок компир

Уште еден зеленчук со сладок вкус. Освен што го заситува гладот за шеќер слаткиот компир е богат со витамин Ц, Д, Б6 и железо. Овие хранливи состојки му даваат својство за превенција на срцеви заболувања, рак и други дегенеративни болести.

Цимет

Циметот помага да се засилат ефектите на инсулинот и со тоа ги заситува нашите потреби од шеќер. Циметот исто ги спречува наглите растежи и падови на шеќер во крвта, кои не тераат да сакаме да јадеме уште повеќе шеќер.

Домати

Доматите се помошник во борбата против потребата за шеќер затоа што се богати со серотонин. Студии потврдуваат дека нискиот серотонин е една од главните причини за глад за шеќер. Тој делува како неуротрансмитер што му кажува на мозокот дека потребите од шеќер се задоволени. Доматите исто така се богати со хром, кој ја намалува гладта, го регулира холестеролот, мастите и нивото на шеќер во крвта.

Консумирањето на овие храни не само што помага да не јадеме толку шеќер, туку го подобрува целокупното здравје.

Designed by Antsin.com