Полза од авокадото во бременоста
Авокадото освен што може да се приготви и јаде на безброј начини, е исклучително здраво овошје. Авокадото е преполно со хранливи материи, кои се неопходни за правилен раст и развој на бебето во стомакот. Еве некои причини зошто е добро да јадете авокадо во текот на бременоста:
1. Авокадото е преполно со здрави маснотии
Маснотиите во авокадото се полезни и неопходни за нашето здравје. (за разлика од хидрогенизираните масти нпр во маргарините, кои секако треба да се исфрлат)
2. Авокадото е преполно со витамини и минерали
Авокадото има двојно повеќе калиум од бананите, а во исто време е богато со витамин К, фолати, Б2, Ц, Б5, Б6 и витамин Е. Исто така содржи мали количини на магнезиум, манган, бакар, железо, цинк, витамин А, Б1, Б2 и Б3. Исто така авокадото е многу богато и со растителни влакна.
3. Авокадото ќе ви помогне подобро да ги апсорбирате хранливите материи од другата храна
Кога јадете авокадо полесно ќе ги апсорбирате каротиноидите кои ги има во морковите, слаткиот компир и лиснатиот зеленчук.
4. Авокадото може да го намали ризикот од претерано качување на тежина
Бидејки е толку богато со растителни влакна, авокадото може да ги намали шансите да качите преголема тежина во бременоста. Всушност, некои студии авокадото го поврзуваат со намалување на тежина кај небремени. 25% од растителните влакна во авокадото се раствориливи и помагаат во исхраната на полезата микро флора во цревата.
5. Авокадото може да го намали ризикот за гестациски дијабетис
Уште една полза на авокадото, која се должи на високата содржина на растителни влакна. Тоа може да ги намали шансите за гестацски дијабетис, како и дијабетис во глобала. Всушност студија има покажано дека гликемичкото влијание на храната богата со скроб се намалувало кога се земала заедно со растворливи влакна.
6. Авокадото може да го намали ризикот од висок крвен притисок
Високата содржина на калиум може да помогне да се намали ризикот од висок крвен притисок и прееклампсија. Ова може долгорочно да го намали вашиот ризик и за срцеви заболувања.
7. Авокадото е сиромашно со јаглени хидрати
Јаглените хидрати се потребни, но тоа е најчестата категорија на храна во која претеруваме.
8. Авокадото може да помогне против констипација
Констипацијата е чест придружник во последните месеци од бременоста. Растителните влкана во авокадото можат да бидат од голема помош во борбата против неа.