Помогнете му на вашето срце со 1-2 лажици јаболков оцет
Social Buttons

Според научниците една до две лажици јаболков оцет дневно, можат да го зголемат нивото на добриот холестерол.
Клиничката студија ја направиле научници од Минесота и во неа учествувале 120 луѓе. На половината од нив им бил даван јаблков оцет, а другата половина примала плацебо.
Луѓето кои консумирале јаболков оцет во период од 8 седмици имале подобрено ниво на добар холестерол (HDL), во споредба со групата на која и бил даден плацебо.
1-2 лажици јаболков оцет даваат повеќекратна полза за здравјето
И претходно веќе беше докажано дека јаболковиот оцет го намалува нивото на шеќер во крвта, како и апетитот.
Се смета дека оцетот го потпомага согорувањето на мастите во организмот.


