Куркумата покажа дека е подобар антидепресив од познатиот Прозак

За куркумата (турмерик) огромен број научни студии покажаа дека може да парира на многу фарамацевтски лекови, а сега рандомизирана, контролирана клиничка студија покажа дека е безбеден и ефикасен третман за сериозни стадиуми на депресија.

Студијата е објавена во списанието Phytotherapy Research.


Во студијата биле вклучени 60 пациенити со поголеми депресивни нарушувања. Целта била да се утврди ефикасноста и безбедноста на куркумата и флуоксетинот (Прозак). Луѓето биле поделени на 2 групи, тие во текот на 6 седмици земале по 20 мг флуоксетин или 1000 мг куркума или пак комбинација од двете.

Резултатите биле следни:

Куркумата била добро поднесена од сите пациенти. Во групата која земала куркума и прозак 77.8% од луѓето реагирале на третманот, во споредба со 64,7% во групата со само Прозак и 62,5% од групата која примала само куркума.

Разликата помеѓу групите кои примале куркума и Прозак на прв поглед е незначителна. Но, она што е особено важно е што куркумата е безбедна, а Прозакот има цела листа на несакани ефекти, влучително и самоубествени тенденции, што е особено опасно за некој што веќе е депресивен.

Ова е само една од студиите што ја покажува безвременската мудрост на природата.