Лаптоп компјутерите се опасни за сите

Social Buttons

Неодамнешна студија објавена во списанието Archives of Environmental and Occupational Health, заклучува дека скутот е парадоксално несоодветно место на кое треба да биде лаптопот и дека лаптоп компутерите треба да се преименуваат за да се заштити здравјето на луѓето.

Истражувачите откриле дека електромагентите полиња, кои ги произведуваат лаптопите, индуцираат струи низ телото на возрасните, но и на фетусите, а се со небезбедна јачина. Измерените вредности на електромагнетна фрекфенција (ЕМФ) биле "значително повисоки" од неодамна препорачаните вредности за емисијата на магнетно поле од компјутерските монитори.

Напојувањето индуцира силни телесни елекрични струи кај фетусите и возрасните, соодветно: 182-263% и 71-483% повеќе од препораките за да се спречат негативни ефекти врз здравјето.

Претходно, во клиничка студија научниците открија дека лаптопите, кои се поврзани на интернет преку Wi-Fi конекција ја намалуваат подвижноста на сперматозоидите и ја зголемуваат ДНК фрагментацијата, со што значително ја оштетуваат машката плодност.

Настрана фактот што лаптопот ја покачува температурата во скротумот кај мажите, што исто така ја оштетува спермата.

Лаптопите во денешно време е тешко да се избегнат, но кога ги употребувате обидете се да не лежат директно на вашиот скут. Особено нека бидат внимателни трудниците.

Designed by Antsin.com