Лаптоп компјутерите и машката плодност

Social Buttons

маж со лаптопУпотребата на лаптоп компјутерите станува се пораширена помеѓу младите луѓе, но исто така се зголемува и ризикот врз машката плодност кој го носат со себе.

Досега се направени голем број на студии кои го проучувале влијанието на лаптоп комјутерите врз машката плодност. Она што е заедничко како заклучок од сите нив е дека е потребна голема внимателност.

Околу 15-20% од паровите се соочуваат со потешкотии при зачнувањето. Кај околу половината од нив причина за неплодноста е намалувањето на плодноста кај мажот. Лаптоп компјутерите дополнително можат да ја влошат состојбата.

Држењето на лаптоп комјутер во скутот ја зголемува температурата во скротумот (кесата каде се наоѓаат тестисите), а познато е дека зголемената температура во скротумот е поврзана со машка неплодност. Причина за покачување на температурата во скротумот може да биде: варикочела (проширување на вената во скротумот), топла бања, сауна, носење на тесна облка итн. , но тука спаѓа и употребата на лаптоп.

Истражувањата покажуваат дека држењето на лаптоп во скутот, може да ја покачи температурата во скротумот кај мажот за 2,7 степени целзиусови. А држењето на лаптоп во скутот за време од само 28 минути, донело покачување на температурата во скротумот од речиси 2 степини целзиусови.

Ова покачување на температурата не се должи само на топлината која ја произведува самиот компјутер, тука за тоа придонесува и положбата на телото, односно зближените бутови за да се балансира лаптопот.

Дури и кога мажите не го држеле компјутерот директно врз нозете, туку користеле подлошка, резултатите пак не биле поволни. Она што најмногу помагало за да се намали зголемувањето на температурата било пораширеното држење на нозете. Сепак и тоа не било доволно, туку единствено решение за проблемот било лаптопот да се наоѓа на маса.

Друга студија покажала дека средното дневно зголемување на температурата во скротумот од само 1-2 степни, ја намалува концентрацијата на сперматозоидите за 40%.

маж со лаптоп

Заштитете се: лаптопот нека биде на биро


Освен покачената температура, неплодноста кај мажите може да биде последница и од физички повреди, некои сексуално преносливи болести, генетски причини, некои лекарства (како некои лекарства против депресија), воспаление на простатата, имунолошки и хормонални пореметувања итн.

Designed by Antsin.com