Бабите знаеле како: Сируп против кашлица и белодробни проблеми

Social Buttons

Ефикасен сируп против кашлица и проблеми со белите дробови, кој можете лесно да го подготвите и да се уверите во неговата моќ.


Состојки:

500 гр. црвен кромид
2 шола јаворов сируп или 500 гр. кафеав шеќер
2 лимони со средна големина
7 супени лажици мед
1,5 литри вода


Подготовка:

Ставете го јаворовиот сируп (или шеќерот, ако користите кафеав шеќер) во големо тенџере, на средна температура и постојано мешајте се додека не добие убава златна боја. Додадете го претходно исецканиот црвен кромид и варете неколку минути, па додадете ја водата.

Смесата нека врие се додека не остане само 1/3 од течноста. Нека се олади, а за тоа време исцедете ги лимоните и додадете ги во оладената смеса, заедно со медот. Добро измешајте се и оставете да стои преку ноќ. Следниот ден процедете ја течноста низ газа и чувајте ја во стаклено шише.

Возрасните земаат по една супена лажица пред секој оброк, а децата по едно чајно лажиче пред секој оброк. Се пие се додека има потреба.

Designed by Antsin.com