Мед и цимет против настинка
Social Buttons
На прагот на сезона кога грипот и настинката земаат замав, добро е да имаме впредвид дека можеме да си помогнете себе си и на семејството со едноставни природни средства.
Мешавината од мед и цимет е стар лек против настинки, кој се користел со генерации наназад.
Циметот има против воспалително дејство, освен што делува-анти бактериски и е богат со антиоксиданти. Повеќе за дел од неговите бенефити можете да прочитате тука: 10 здравтвени придобивки од циметот.
Медот исто така има анти-микробиолошки својства. Многу студии покажаа дека е одличен помошник во борба со надворешни и внатрешни инфекции.
Комбинирани медот и циметот се моќни засилувачи на имунитетот.

Мед и цимет против настинка
1 мало лажиче сиров мед
1/4 лажиче цимет
Помешајте ги медот и циметот и земајте ја смесата 2 пати дневно, 3 дена по ред, веднаш штом ќе почувстувате дека се појавуваат симптоми на настинка.
Најдобро е да земате природен мед од пчелари, а не оној кој може да се купи по маркетите. За најквалитетен цимет се смета Цејлонскиот, кој има ниска содржина на кумарин и може да се употребува д.
Чај од мед и цимет
Ако не сакате да ја јадете смесата, можете да ја помешате во чај. Пијте го чајот 2 пати дневно, во продолжение од 3 дена.
Евентуално смешата можете да ја намачкате и на парче леб.
Најдобар е цејлонскиот цимет. Обичниот или касија цимет има поголема содржина на кумарини, па кога се зема во поголеми количини и секојдневно може да гo оштети црниот дроб.



