За борба со настинките
Ова е вкусен рецепт, кој е добар за смирување на грлото, настинки и за зајакнување на имунитетот.
Медот е познат по своите многубројни лекови својства, помага во борбата со микро организми, алергии, го смирува воспаленото грло, го зајакнува имунитетот итн.
Ѓумбирот исто така има безброј корисни особини, помага против воспаленија, против настинки, кај вознемирен стомак итн.
Лимунот е богат со Ц витамин и уште многу други хранливи состојки.
Се заедно е одлично за зајакнување на природниот имунитет на организмот и успешно сузбивање и спречување на настинките.
Припрема:
Насецкајте непсрскани лимони и наполнете ја теглата со нив.
Додадете неколку лажици ситно исецкан свеж ѓумбир.
Дополнете ја теглата со мед и чувајте ја во фрижидер.
Можете да сркате од теглата, а можете и смесата да ја користите така што ќе нацрпите едно лажиче, ќе го растворите во топла вода и ќе го пиете како чај - одлично за смирување на грлото.
Едноставно, а лековито и корисно, особено во зимските месеци.


