Како да го заштитите семејството од листерија

стомачни проблеми

Инфекцијата со листерија не е вообичана за здрави возрасни единки. Листериајта е најопасна за трудници во трето тромесечие, новороденчиња, како и деца и врозрасни со нарушен имунитет заради некоја болест како рак или СИДА.

Листеријата може да се пренесе преку почвата или преку вода, како и со јадење на недобро термички обработено месо, школки, младо сирење итн.

Симптоми на инфекција со листерија се: треска, повраќање, пролив, летаргија, отежнато дишење, намален апетит, болки во мускулите, главоболка итн. Трудниците можат да развијат само благи симптоми на грип, но имаат ризик од предвремено породување или спонтан абортус.

Листеријата може да предизвика широк спектар на инфекции, како: гастроентеритис (повраќање и пролив, познати како стомачен грип), бактериска инфекција на крвта, менингитис, пневмонија, остеомиелитис (инфекција на коските) и ендокардитис.

Луѓето со ослабен имунитет се особено подолжи на посериозни компликации заради листеријата.

Колку порано ќе се детектира и порано се започне со терапија, толку е помал ризикот да премине во серизона, опасна инфекција по живот.


Третман на листериоза


Листериозата најчесто се третира интравенозно со антибиотици, во болнички услови. Вообичано лекувањето трае десетина дена, но зависи од способноста на организмот да се избори со инфекцијата и настанатите компликации. Понекогаш лекувањето трае и повеќе недели.

Децата со компромитиран имунолошки систем можат да имаат потреба од дополнителни третмани.

Здравите возрасни единки со гастроентеритис предизвикан од листерија, најчесто за 2 дена целосно закрепнуваат.


Како да го намалите ризикот за листерија

 

  • Храната нека биде добро термички обработена, особено месото и јајцата.
  • Внимателно и темелно мијте го овошјето и зеленчукот.
  • Избегнувајте производи од непастеризирано млеко.
  • Ако сте во ризичната група избегнувајте млади и меки сирења, како фета.
  • Внимателно и добро измијте ги рацете по фаќање на свежо месо и прибор со кој сте работеле. Осбено внимавајте на даските за сечење, најдобро е да имате една за свежо месо, а друга за се останато.
  • Зготвената храна чувајте ја во фрижидер.
  • Храната која ја претоплувате добро загрејте ја, барем на 74 степени целзиусови.
  • Кога некоја храна ви е сомнителна подобро фрлете ја.
  • Избегнувајте сувомесни производи.


Кога да се јавите на лекар


Веднаш јавете се кај вашиот лекар ако приметите дека вашето дете дише тешко или забрзано, ако има треска, повраќа, дехидрирано е, летаргично или нервозно. Лекарот ќе може да утврди точно дали се работи за листерија или доколку е потребно ќе превземе третман за друга болест.